Турција

Туркије: Лекари од стомакот на пациент извадија 233 предмети

- Лекари од турската област Ван, во текот на оперативниот зафат од стомакот на 35-годишен пациент извадија 233 предмети, меѓу кои има монети, батерии, магнети, шајки, парчиња стакло, камења и завртки

Nazlı Timur  | 19.06.2022 - Обновена : 20.06.2022
Туркије: Лекари од стомакот на пациент извадија 233 предмети Фото: Назли Тимур / АА

ВАН (AA)

– Назли ТИМУР


Лекари од турската област Ван во текот на оперативен зафат од стомакот на 35-годишен пациент извадија 233 предмети, меѓу кои има монети, батерии, магнети, шајки, парчиња стакло, камења и завртки.

З.Д, кој живее во местото Ипекјолу и има психички проблеми, од страна на семејството е пренесен во клиничкиот центар при Универзитетот „Јузунџу јил“ во Ван.

Во текот на ултразвучниот преглед дијагностицирано е дека во стомакот на пациентот се наоѓаат бројни туѓи предмети.

На лицето му е изведен оперативен зафат, а од неговиот стомак се извадени 233 предмети, меѓу кои има 83 монети од по 1 лира, батерии, магнети, шајки, парчиња стакло, камења и завртки.

Операцијата траела 2 часа, а пациентот ќе биде задржан во болница неколку дена.

Хирургот Серхат Биниџи за Агенција Анадолија (АА) изјави дека абдоменот е во потполност исчистен од туѓите тела.

„Ова не е нешто што често може да се види кај возрасните, главно тоа е случај кај децата кои несвесно ќе проголтаат туѓи тела. Кога станува збор за возрасни, тоа е во случај кога пациентите имаат психички проблеми, затвореници или жртви на злоупотребување“, рече д-р Бининџи.

Хирургот додаде дека споменатиот пациент проголтал 75 шајки.

„Состојбата на пациентот е стабилна. Почна да внесува вода и храна. Ја следиме неговата состојба“, рече Бининџи.

Умит Халук Иликлерден, главниот лекар на болницата, рече дека граѓаните треба да се предупредуваат да бидат внимателни поради опасноста дека децата и пациентите со психички нарушувања можат да проголтаат туѓи предмети.

Бурхан Демир, братот на оперираниот пациент, зборувајќи дека веднаш побарале лекарска помош, му се заблагодари на лекарскиот тим за успешната операција.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın