Турција

Туркије: Магична глетка на тврдината Карахисар обвиена со магла

Тврдината, која се издигнува на карпест рид висок околу 220 метри, доминира над градот и сведок е на илјадници години историја

Aida Cako  | 04.02.2025 - Обновена : 06.02.2025
Туркије: Магична глетка на тврдината Карахисар обвиена со магла Фото: Beytullah Eles/АА

АФЈОНКАРАХИСАР (АА) – Тврдината Карахисар, симбол на градот Афјонкарахисар во Туркије, нуди магична глетка откако густа магла ја обви областа, јавува Анадолу.

Тврдината, која се издигнува на карпест рид висок околу 220 метри, доминира над градот и сведок е на илјадници години историја.

Во утринските часови густа магла го прекри градот, создавајќи сцена што изгледа како од бајка.

Овој природен феномен го истакнува величествениот изглед на тврдината, едно од најпознатите туристички обележја на Афјонкарахисар и привлекува голем број посетители.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.