Турција

Туркије: Обилни врнежи од дожд го зафатија Истанбул

Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, за новинарите изјави дека според досегашните сознанија поплавени се вкупно 128 станови, 12 деловни објекти и три фабрики

Elif Küçük, Mehmet Ali Derdiyok  | 10.07.2022 - Обновена : 11.07.2022
Туркије: Обилни врнежи од дожд го зафатија Истанбул

ИСТАНБУЛ (АА) – Обилните врнежи од дожд што траат од синоќа во турската метропола Истанбул, во различни делови на градот предизвикаа поплави и несреќи на патиштата, јавува Агенција Анадолија (АА).

На градилиште во Општина Ѓунгорен, градежната опрема и камионите практично останаа под вода. Локалните власти работат на испумпување на водата на таа локација.

Во некои делови од градот поплавени се и многу домови, а во некои места е забележана и материјална штета како последица од обилните врнежи.

Во подрачјето на Сариер поплавена е џамија, а локалните тимови работат на испумпување на водата од местото за богослужба.

Али Јерликаја, гувернерот на Истанбул, за новинарите изјави дека според досегашните сознанија поплавени се вкупно 128 станови, 12 деловни објекти и три фабрики.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın