Турција

Туркије: Одреден притвор за 131 лице во врска со урнатите згради во земјотресот

Полицијата трага по уште 85 лица

Kemal Karadağ  | 19.02.2023 - Обновена : 20.02.2023
Туркије: Одреден притвор за 131 лице во врска со урнатите згради во земјотресот

АНКАРА (АА) - Судовите во Туркије одредија мерка притвор за 131 осомничен кои имаат одговорност за уривањето и противзаконски измени на зонирањето на зградите што се уништени во разорниот земјотрес, јавува Анадолу.

Според информациите на дописникот на АА, во истрагите што ги започна Државното обвинителство во врска со објектите срушени од земјотресите или кај кои се забележани промени во зонирањето, утврдена е одговорност кај 430 осомничени.

Од приведените, на 131 им е одредена мерка притвор, а за 127 е одлучено да бидат пуштени со мерка забрана.

Освен тоа, полицијата трага по уште 85 лица.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.