Турската крајбрежна стража во една недела спаси над 1.000 нерегуларни мигранти
Турската Команда за крајбрежна безбедност објави соопштение во кое сподели информации за спасени нерегуларни мигранти
Анкара
Командата за крајбрежната безбедност на Туркије во периодот од 29 јули до 4 август спасила над 1.000 нерегуларни мигранти, а фатени се 6 шверцери на мигранти, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Турската Команда за крајбрежна безбедност објави соопштение во кое сподели информации за спасени нелегални мигранти.
„Во рамки на непрекинатите активности на Командата за крајбрежната безбедност за борба против нерегуларната миграција во периодот од 29 јули до 4 август спасени се 1.047 нерегуларни мигранти во 37 различни случаи, додека фатени/спасени се 6 шверцери на мигранти“, се вели во соопштението.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.