Турција

Турција ја отфрла руската воена интервенција во Украина

„Сметаме дека воената операција започната од Вооружените сили на Руската Федерација против Украина е неприфатлива и ја отфрламе“, се вели во соопштението на турското Министерство за надворешни работи.

Merve Gül Aydoğan Ağlarcı  | 24.02.2022 - Обновена : 25.02.2022
Турција ја отфрла руската воена интервенција во Украина

АНКАРА (АА) ‒ Турција ја отфрли руската воена интервенција во Украина, нарекувајќи ја „неприфатлива“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за надворешни работи на Турција остро се реагира на воената интервенција на Русија за која одамна се стравувало, и ја повика Москва да стави крај на неправедната и незаконска акција.

„Сметаме дека воената операција започната од Вооружените сили на Руската Федерација против Украина е неприфатлива и ја отфрламе“, се вели во соопштението.

„Интервенцијата, не само што ги уништува Договорите од Минск, туку претставува сериозно кршење на меѓународното право и претставува сериозна закана за безбедноста на нашиот регион и светот“, се додава во соопштението.

Министерството привлече внимание на „неопходноста од почитување на територијалниот интегритет и суверенитет на земјите“ и соопшти дека е против промена на границите со употреба на сила.

„Нашата поддршка за политичкото единство, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина ќе продолжи“, се додава во ова соопштение.

Инаку, соопштението е објавено кратко откако рускиот претседател Владимир Путин утринава даде зелено светло за воена интервенција во Украина, само неколку дена по признавањето на две енклави под контрола на сепаратистите во источна Украина.

Тој рече дека акцијата следувала по барањето за помош од властите на Доњецк и Луганск, кои неодамна ги признал како независни држави.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın