Турција

Фидан предупреди: „Ризикот од ширење на израелската војна низ целиот регион никогаш не смее да се потцени“

- Ние сме среде тензија која би можела да има „сериозни“ глобални реперкусии, изјави турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на прес-конференција со својот ирански колега Абас Еракчи, кој е во посета на Туркије

Mehmet Şah Yılmaz  | 19.10.2024 - Обновена : 19.10.2024
Фидан предупреди: „Ризикот од ширење на израелската војна низ целиот регион никогаш не смее да се потцени“

ИСТАНБУЛ (АА) - Туркије денес предупреди дека ризикот од ширење на израелските напади низ регионот „никогаш не смее да се потцени“, известува Анадолу.

„Ние сме среде тензија која би можела да има ‘сериозни’ последици на глобално ниво“, предупрети турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на прес-конференција со својот ирански колега Абас Еракчи, кој е во посета на Туркије.

„Регионалните земји и нерегионалните актери мора да избегнуваат преземање неповратни чекори“, рече Фидан.

Тој нагласи дека Израел мора да стави крај на своите акции и изјави кои јасно го прекршуваат меѓународното право.

Истакнувајќи дека треба веднаш да се прогласи прекин на огнот во Газа за да се намали моменталната тензија, министерот Фидан рече дека Израел треба да ги прекине нападите врз Либан и да се откаже од сите видови агресивни ставови и провокации.

Турскиот министер потсети дека од 2 октомври не е доставена помош во северниот дел на Газа и дека луѓето што живеат таму сега се во уште полоша ситуација.

Фидан рече дека на состанокот во петокот со претставниците на Хамас разговарале за напорите да се обезбеди поголема хуманитарна помош за жителите на Газа и да се создаде меѓународна мобилизација.

„Сметаме дека палестинското внатрешно помирување е многу важно, стратешко“, рече турскиот министер.

Фидан претходниот ден се состана со членовите на политбирото на Хамас и разговараше за најновите случувања во преговорите за договор за прекин на огнот во Газа, што ќе овозможи размена на заложници и затвореници.

Израел уби повеќе од 42.500 Палестинци во бруталните бомбардирања и гранатирања на Појасот Газа од 7 октомври 2023 година. 

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın