Турција

Хотел претворен во музеј во Турција ги носи посетителите на патување низ времето

- Во рамките на музејот отворен е изложбен простор, осум сали и четири магацини, а изложени се околу 400 експонати

Sebahatdin Zeyrek  | 27.03.2022 - Обновена : 31.03.2022
Хотел претворен во музеј во Турција ги носи посетителите на патување низ времето Фото: Себахатдин Зејрек / АА

ДЕНИЗЛИ (АА)

- Себахатдин ЗЕЈРЕК


Во Памуккале, во турската област Денизли, една од најпопуларните туристички дестинации во Република Турција, хотел е претворен во музеј што ги воодушевува посетителите со изложените експонати, пишува Агенција Анадолија (АА).

За преуредувањето е одговорен туристичкиот експерт Ахмет Уркај (84). Роден во местото Никфер, во округот Тавас во турската област Денизли, со туризам почнал да се занимава во местото Мармарис, во областа Мугла. Претходно се занимавал со трговија и ткаење килими.

Хобито на Уркај е собирање антиквитети. Во текот на својот живот купил многу предмети, вклучувајќи и артефакти.

Уркај, кој со основањето фондација го отвори својот прв музеј во Мармарис 2005 година, беше загрижен дека големата влажност на воздухот ќе им нанесе штета на експонатите. Поради тоа музејот го пренесе во местото Карахајит во Памуккале.

Музејот е сместен во трикатна зграда на некогашен хотел. Во рамките на музејот е отворен изложбен простор, осум сали и четири магацини. Изложени се околу 4.000 експонати.

Меѓу експонатите има такви што се стари околу 113 милиони години, вклучувајќи и стаклени и бронзени артефакти од хеленистичкиот, римскиот и византискиот период. Меѓу нив е и богатството од османлискиот период што останало по втората опсада на Виена.

Водејќи ги своите посетители на патување низ различни временски периоди, во музејот се изложени и стари камери, монети, плочки, бакар, пушки, грамофони, ракописи на Куранот, накит...

Директорката на музејот и експертка за историја на уметноста, Јасемин Бајиндир, за АА изјави дека сопственикот Ахмет Уркај ги собирал експонатите од својата 13 година. Таа нагласи дека Уркај има 84 години, а неговиот интерес за колекции и музеологија трае и понатаму.

Бајиндир истакна дека музејот привлекува посетители со различни интереси. Меѓу посетителите се и оние на кои експонатите им служат за научни истражувања.

„Вашето патување во музејот трае 45 минути ако се движите бргу. Ако тргнете во обиколка на артефактите, во музејот можете да минете 4-5 часа“, рече Бајиндир.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın