Турција

Чудо во Туркије: 296 часа по земјотресот спасени три лица, меѓу кои едно дете

Спасувачките тимови, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предадоа повредените на медицинските служби, по што се пренесени во болница

Mustafa Deveci  | 18.02.2023 - Обновена : 19.02.2023
Чудо во Туркије: 296 часа по земјотресот спасени три лица, меѓу кои едно дете Фото: Eşref Musa/AA

ХАТАЈ (АА) - Дури 296 часа по првиот разорен земјотрес што го погоди јужниот дел на Туркије, од урнатините на зграда во Антакија спасени се три лица, меѓу кои едно дете, јавува Анадолу.

Спасувачките тимови, меѓу кои и спасувачите од Киргистан, по спасувањето ги предадоа повредените на медицинските служби, по што се пренесени во болница.

Спасени се жена, маж и дете, чиј идентитет сѐ уште не е утврден.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во Кахраманмараш, погодија 11 турски области населени со над 13 милиони луѓе, уништувајќи илјадници згради.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın