Турција

„Местото на воените злосторници е обвинителната клупа, а не собраниските говорници“

- Претседателот на турското собрание, Нуман Куртулмуш, осврнувајќи се на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, рече дека местото на воените злосторници е на обвинителната клупа, а не во парламентите

Gazi Nogay  | 26.07.2024 - Обновена : 26.07.2024
„Местото на воените злосторници е обвинителната клупа, а не собраниските говорници“

АНКАРА (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Република Туркије (ТБММ) Нуман Куртулмуш, осврнувајќи се на обраќањето на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во американскиот Конгрес, рече дека местото на воените злосторници е на обвинителната клупа, а не во парламентите, јавува Анадолу.

Куртулмуш во својата писмена изјава рече дека Бенјамин Нетанјаху, извршителот на хуманитарни разорувања и масакри што веќе 10 месеци траат во Газа и добиваат размери на геноцид, е крвав воен злосторник и шеф на екстремистичка влада што својата политичка програма ја заснова врз негирање на постоењето и правата на палестинскиот народ.

„Претставата на Нетанјаху (во американскиот Конгрес) заснована врз лаги нема да биде доволна за прикривање на геноцидниот масакр и отворените воени злосторства во Газа, што целото човештво ги следи од почеток“, порача Куртулмуш во писмената изјава.

Тој нагласи дека „местото на воените злосторници е на обвинителната клупа, а не собраниските говорници““.

„Ги ценам совесните членови на Конгресот што не присуствуваа на седницата и оние што ги искажаа своите храбри приговори, кои уште од самиот почеток се противеа на дозволата 'спорното име' да зборува во нивниот парламент“, заклучи Куртулмуш.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.