„Неосновани се наводите за испорака на нафта на Израел“
- Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије објави дека не била спроведена пратка чија точка за испорака бил Израел
АНКАРА (АА) - Министерството за енергетика и природни ресурси на Туркије објави дека целосно се неосновани тврдењата дека на Израел му била испорачана нафта од Џејхан, известува Анадолу.
Во писменото соопштение на Министерството, во врска со процесот на продажба на нафта од нафтоводот за сирова нафта Баку-Тбилиси-Џејхан (БТЏ), се наведува следново:
„БТЏ дејствува во согласност со меѓународниот договор потпишан меѓу Туркије, Азербејџан и Грузија на 18 ноември 1999 година и договорите на Владата домаќин што го формира неговиот анекс. Работата на турскиот дел од нафтоводот ја врши ‘BOTAŞ International AŞ’ во рамките на Договорот за работа потпишан со партнерите на БТЏ. Споменатата ‘BOTAŞ International AŞ’, која управува со линијата во рамките на договорите, нема каква било вклученост или диспозиција во однос на купувањето и продажбата на нафтата.“
„Целосно се неосновани тврдењата дека нафтата била испорачана од Џејхан до Израел и дека Туркије го дозволила тоа“, се вели во соопштението, потенцирајќи дека компаниите кои транспортираат нафта преку БТЏ и ја продаваат на светските пазари од пристаништето 'Хајдар Алиев', ја почитувале одлуката на Туркије да ја прекинат трговијата со Израел и дека не била спроведена пратка чија точка за испорака бил Израел.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.