Турција

„Туркије ги повикува терористичката група ПКК и нејзините ограноци да се распуштат и безусловно да го предадат оружјето“

– Крајната цел на Анкара е да се стави крај на тероризмот, целосно да се елиминираат терористичките организации и да се искорени секоја закана за земјата, истакна турскиот министер за одбрана, Јашар Ѓулер.

Esra Tekin  | 15.03.2025 - Обновена : 15.03.2025
„Туркије ги повикува терористичката група ПКК и нејзините ограноци да се распуштат и безусловно да го предадат оружјето“

АНКАРА (АА) - Турскиот министер за одбрана Јашар Ѓулер денес ја повика терористичката организација ПКК и сите нејзини ограноци кои дејствуваат во различни региони да се распуштат и ‘безусловно да го предадат оружјето’, известува Анадолу.

„Терористичката организација ПКК и сите нејзини ограноци кои дејствуваат под различни имиња и во различни региони, без оглед на нивната локација, треба веднаш да донесат одлука безусловно и без одлагање да се распуштат и да го предадат своето оружје “, изјави министерот Ѓулер, говорејќи на церемонијата по повод Победата на 18 март во Чанаккале.

Тој додаде дека „секоја спротивна изјава или акција која го вели спротивното, нема никакво значење и нема да го има“.

Нагласувајќи дека напорите на Туркије за борба против тероризмот отсекогаш биле на врвот на агендата на земјата со години наназад, Ѓулер наведе дека Турските вооружени сили, како и во минатото, и денес се борат со „голема решителност против секоја закана за единството и интегритетот на земјата и успешно ги извршуваат задачите што ѝ се доверени“.

„Вредно е, иако задоцнето, дека терористичката организација, која призна дека е најдолгото и најобемното бунтовничко и насилно движење во историјата на Републиката, сфати дека тероризмот не може да доведе до ништо, дека го помина својот тек и дека нема друг избор освен да се распушти“, додаде министерот Ѓулер.

Тој истакна дека во тој контекст не треба да се споменуваат прашања кои не се спомнати во текстот, како што е прекинот на огнот.

„Такво нешто апсолутно не доаѓа предвид“, рече Ѓулер.

Посочувајќи дека крајната цел на Анкара е да се стави крај на тероризмот, целосна елиминација на терористичките организации и искоренување на какви било закани за земјата, министерот Ѓулер го рече следното:

„Нема да има толеранција за саботажа, злоупотреба или одолговлечување на процесот. Ќе биде усвоен претпазлив и рационален пристап“.

Во својата 40-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК – која се наоѓа на листата на терористички организации во Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 луѓе, вклучувајќи жени, деца, доенчиња и постари лица.

Водачот на ПКК, Абдула Оџалан, кој се наоѓа во затвор, на 27-ми февруари повика на распуштање на ПКК и сите поврзани групи, барајќи да се стави крај на терористичките активности.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın