свет

Борис Џонсон: „Пред војната во Украина, Путин ми се закани со ракетен напад“

Во рамки на документарецот подготвен од страна на „Би-би-си“ се истражувани разговорите кои Путин ги реализирал со лидерите на различни земји

Dilara Karataş  | 30.01.2023 - Обновена : 30.01.2023
Борис Џонсон: „Пред војната во Украина, Путин ми се закани со ракетен напад“

АНКАРА (АА) - Поранешниот британски премиер Борис Џонсон истакна дека пред руско-украинската војна, која започна во февруари 2022 година, рускиот претседател Владимир Путин му се заканил со ракетен напад, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на документарецот подготвен од страна на „Би-би-си“ се истражувани разговорите кои Путин ги реализирал со лидерите на различни земји.

Во овој документарец се вклучени деталите во врска со телефонските разговор меѓу Џонсон и Путин.

Џонсон добил закана откако за време на долгиот разговор со Путин во февруари 2022 година, го предупредил рускиот претседател дека окупацијата на Украина би била апсолутна катастрофа.

Поранешниот британски премиер рече дека го предупредил Путин оти окупацијата на Украина ќе предизвика санкции од страна на Западот, и дека НАТО ќе испрати повеќе војници на руските граници.

Тој истакна дека се обидел да ја одврати воената операција на Путин, велејќи дека Украина нема да се приклучи на НАТО „во блиска иднина“.

Џонсон пренесе дека Путин му се заканил со ракетен напад, и додаде: „Во одредена точка ми се закани и рече: „Борисе, не сакам да те повредам, но со оваа ракета, тоа трае само една минута.“

„Но, од смиреноста во неговиот глас и рамнодушноста, почувствував дека се потсмева со моите напори за да го насочам кон преговори“, нагласи Џонсон.

Инаку, поранешниот премиер на Велика Британија, Борис Џонсон, на 22 јануари во Киев се сретна со украинскиот претседател Владимир Зеленски.

Џонсон истакна дека на Украина ќе ѝ се нуди поддршка со цел во 2023 година да се стави крај на војната.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.