Израел уби уште 81 Палестинец, билансот се доближува до 46.800
Медицински извори изјавија за Анадолу дека повеќето од жртвите биле убиени во интензивираните израелски напади низ Газа по објавувањето на договорот за прекин на огнот синоќа

АНКАРА (АА) - Најмалку уште 81 Палестинец се убиени во израелските напади во Појасот Газа, со што билансот од октомври 2023 година достигна 46.788, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу.
Министерството истакна дека во нападите досега се повредени околу 110.453 Палестинци.
„Израелските сили убија 81 лице и повредија 188 во осум масакри на семејства во последните 24 часа“, соопшти Министерството.
„Многу луѓе сè уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да дојдат до нив“, се додава.
Медицински извори изјавија за Анадолу дека повеќето од жртвите биле убиени во интензивираните израелски напади низ Газа по објавувањето на договорот за прекин на огнот синоќа.
Катар го објави постигнувањето договор за прекин на огнот за ставање крај на над 15-месечните смртоносни израелски напади врз Појасот Газа.
Катарскиот премиер и министер за надворешни работи, шеикот Мухамед бин Абдулрахман ал Тани, рече дека договорот кој се состои од три фази ќе стапи на сила в недела.
Договорот вклучува размена на затвореници и одржлив мир, со цел трајно примирје и повлекување на израелските сили од Газа.
Во израелската војна во Газа како исчезнати се водат 11.000 луѓе, предизвикано е огромно разорување и хуманитарна криза која ги однесе животите на многу постари луѓе и деца во една од најтешките хуманитарни катастрофи во светот досега.
Во ноември, Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант за воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.
Израел се соочува и со случај за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.