свет

Текстот „Колку се опасни муслиманите?“ на шведскиот свештеник ги урна рекордите

Свештеникот на Шведскиот црковен сојуз, Стефан Линдкуист, на социјалните мрежи објави текст за муслиманите кој ги урна рекордите и во допаѓање и во споделување, а истовремено се најде и во познатите весници во земјата

Atila Altuntaş  | 24.05.2018 - Обновена : 25.05.2018
Текстот „Колку се опасни муслиманите?“ на шведскиот свештеник ги урна рекордите

Stockholms Lan

СТОКХОЛМ (АА) - Свештеникот на Шведскиот црковен сојуз, Стефан Линдкуист, на социјалните мрежи објави текст за муслиманите кој ги урна рекордите и во допаѓање и во споделување, а истовремено се најде и во познатите весници во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).

Линдкуист на својот профил на социјалните мрежи објави текст под наслов „Колку се опасни муслиманите?“ во кој вели: „Еден муслиман ми донесе свежо јајце. Друг ме праша како сум. Бидејќи возилото ми е на мајстор, еден ми понуди да ме префрли со своето возило каде што ќе посакам. Познавам муслиман кој постојано му носи храна на свој пријател кој нема пари. Навистина, колку опасни луѓе се муслиманите.“

Во својот текст, споредувајќи ги муслиманите и Швеѓаните, свештеникот Линдкуист наведува: „Јас во никој случај не верувам дека еден Швеѓанец некому ќе му даде јајце без да му го наплати. Кој Швеѓанец на својот сиромашен пријател со недели би му носел храна? Муслиманите се навистина многу опасни“.

Линдкуист својот напис го продолжува со зборовите:

„Ние Швеѓаните, е потребно да ги отвориме очите и да ја согледаме реалноста. Забележав дека имам голем број добри и дарежливи пријатели муслимани. Поголемиот дел имаат добри срца какви што не можам да забележам кај Швеѓаните. Кај ниту еден не забележав омраза. Според мене, многу е важно како се однесуваме кон луѓето. Доколку ги прифатите луѓето и ги вклучите во вашите животи, за возврат ќе добиете внимание и љубов. Меѓутоа ние, неколкуминутниот повик за молитва на овие луѓе преку звучник го гледаме како пречка“.

По уривањето на рекордите во допаѓање и споделување на социјалните мрежи, попот Линдкуист даде изјава за весникот „Афтонбалдет“ (Aftonbaldet) каде што наведе: „Би сакал кај Швеѓаните да ја видам љубовта кон луѓето и милоста што ја имаат поголемиот дел од муслиманите. Според мене, постои непотребен страв и загриженост од муслиманите“.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.