„Новоизбраниот американски претседател Трамп ќе 'најде начин' да го зачува ТикТок“
„Алгоритмот е неверојатен. Ќе најдеме начин да го зачуваме, но да ги заштитиме податоците на луѓето“, истакна идниот советник за национална безбедност Мајк Волц

ИСТАНБУЛ (АА) - Новоизбраниот претседател на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, има намера да преземе чекори за да обезбеди континуиран пристап до ТикТок и за да ги заштити податоците на корисниците, истакна неговиот иден советник за национална безбедност, пренесува Анадолу.
„ТикТок, сам по себе, е фантастична платформа“, изјави Мајк Волц за Фокс њуз во синоќешното интервјуто.
„Алгоритмот е неверојатен. Ќе најдеме начин да го зачуваме, но да ги заштитиме податоците на луѓето“, додаде тој, мислејќи на американскиот закон со кој се бара од кинеските сопственици да им ја продадат платформата на американски сопственици или ќе биде забранета поради безбедносна загриженост.
Во врска со таа безбедносна загриженост, тој додаде: „Ние секако не сакаме кинеската Влада да ги види сите нивни податоци и лозинки.“
Законот за ограничување на функционирањето на ТикТок во САД треба да стапи на сила во недела доколку нејзината матична компанија, сопственикот со седиште во Кина, ByteDance, не ја пренесе сопственоста или ако во последен момент не биде стопиран со судска одлука.
Предложените мерки имаат цел да ја решат загриженоста за националната безбедност поради потенцијалното споделување податоци со кинеските власти, тврдења што ByteDance ги негира.
Трамп се противи на забраната и побара од Врховниот суд да направи итна ревизија на мерката.
Во првиот мандат како претседател од 2017 до 2021 година Трамп се залагаше за забрана, но го смени својот став кога делумниот сопственик на ByteDance стана еден од соработниците во неговата кампања.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.