Ердоган: Турција е подготвена да помогне во деескалацијата на конфликтот меѓу Израел и Иран
Ердоган ја нагласи важноста што Анкара му ги придава на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот

ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган телефонски разговараше со иранскиот колега Масуд Пезешкијан, при што дискутираа за ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран, како и за пошироките регионални и глобални прашања, јавува Анадолу.
Според Директоратот за комуникации на Турција, во телефонскиот разговор Ердоган рекол дека Турција е подготвена да игра улога на олеснувач за да помогне во деескалацијата на конфликтот и да поддржи враќање на нуклеарните преговори.
Турскиот лидер истакна дека бил во контакт со разни лидери за време на тековниот конфликт.
Ердоган, исто така, ја нагласи важноста што Анкара му ги придава на зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот.
Регионалните тензии ескалираа од петокот откако Израел започна координирани воздушни напади врз повеќе локации низ Иран, вклучително воени и нуклеарни постројки, што го поттикна Техеран да започне одмазднички напади.
Израелските власти соопштија дека најмалку 24 лица се убиени, а стотици се повредени во иранските ракетни напади од петокот.
Иран, од своја страна, соопшти дека најмалку 224 лица се убиени, а над 1.000 се ранети во израелскиот напад.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.