Министрите за надворешни работи на Туркије и Јордан разговараа за Сирија и Палестина
Фидан и Сафади во телефонскиот разговор се осврнаа и на билатералните односи

АНКАРА/ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, и неговиот јордански колега Ајман Сафади денес разговараа за ситуацијата во Сирија и случувањата во Палестина, соопштија дипломатски извори, јавува Анадолу.
Фидан и Сафади во телефонскиот разговор се осврнаа и на билатералните односи, истакнаа изворите.
Министрите за надворешни работи телефонски разговараа и на 27 јануари за билатералните односи и регионалните прашања.
На 6 јануари Сафади го посети турскиот главен град Анкара и одржа заедничка прес-конференција со Фидан.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.