Турција

Туркије: На Моминската кула во Истанбул вратен изворниот сјај

Снимките со дрон на Агенција Анадолу нудат единствен и ексклузивен поглед на кулата, нагласувајќи ги внимателните напори за реставрација што ја ревитализираа оваа историска структура до нејзиниот изворен сјај

Aişe Hümeyra Akgün  | 09.05.2023 - Обновена : 10.05.2023
Туркије: На Моминската кула во Истанбул вратен изворниот сјај Фото: Ali Atmaca/AA

ИСТАНБУЛ (АА) - Познатата Моминска кула во Истанбул, една од најпрепознатливите знаменитости на најнаселениот град во Туркије, се подготвува да ги отвори своите врати за посетителите на 11 мај по двегодишна пауза поради реставрација, јавува Анадолу.

Снимките со дрон на Агенција Анадолу нудат единствен и ексклузивен поглед на кулата, нагласувајќи ги внимателните напори за реставрација што ја ревитализираа оваа историска структура до нејзиниот изворен сјај.

Како што се наведува во соопштението на Министерството за култура и туризам, кулата е вратена во првобитната состојба од периодот на султанот Махмуд Втори, со фокус на зачувувањето на автентичноста.

Со процесот на реставрација отстранети се подоцнежните доградби кои не беа во склад со карактерот на кулата, а по двегодишната пауза, кулата наскоро повторно ќе биде отворена за посетителите.

Стручната научна комисија, што ја сочинуваа проф. д-р Феридун Чили, проф. д-р Зејнеп Ахунбај и архитектот Хан Тумертекин, добитник на наградата „Ага Кан“ за архитектура, го водеше процесот на реставрација, почитувајќи ги меѓународните принципи.

За време на работата беа откриени оштетувања предизвикани од сол и други хемикалии во бетонот и цементот користени во претходните поправки.

Тимот, исто така, откри дека потпорните столбови и греди не биле поврзани, поради што биле потребни поопсежни напори за реставрација.

Снимките од дрон го нагласуваат враќањето на кулата во првобитната состојба и откривањето на нејзините автентични структурни елементи. Како резултат на работите, посетителите ќе можат да уживаат во непречениот поглед на Истанбул од дрвената тераса и скалилата на кулата, претворајќи ја Моминската кула во споменик-музеј.

Освен реставрацијата, во рамките на проектот преземени се и мерки на претпазливост против земјотреси.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.