Во Скопје се одржа симпозиум на тема „Турскиот јазик и култура на Балканот“
- Амбасадорот Улусој, говорејќи на отворањето на симпозиумот, посочи дека од исклучително значење е трансферот на знаење и искуството во напорите за заштита и зачувување на турскиот јазик и култура на Балканот
Скопје
Во Скопје се одржа симпозиум на тема „Турскиот јазик и култура на Балканот“, како дел од одбележувањето на 21 декември - Ден на наставата на турски јазик, јавува Анадолу.
На симпозиумот организиран од страна на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Сојузот на турски невладини организации на Македонија (МАТУСИТЕБ), под покровителство на Министерството за култура и туризам, присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претставници на турските институции и организации во земјата, претставници на турските партии во Северна Макеоднија и голем број гости.
Амбасадорот Улусој, говорејќи на отворањето на симпозиумот, посочи дека од исклучително значење е трансферот на знаење и искуството во напорите за заштита и зачувување на турскиот јазик и култура на Балканот.
Заблагодарувајќи им се на сите што го дале својот придонес во организацијата на симпозиумот, амбасадорот Улусој рече:
„Ние можеме да го зачуваме нашиот идентитет, нашата традиција и нашата култура само доколку правилно го учиме и подучуваме нашиот јазик“.
Истакнувајќи дека катедрите за туркологија на Балканот придонесуваат за правилна промоција на турскиот јазик, култура и литература, амбасадорот Улусој додаде:
„И ние ги поддржуваме овие активности колку што можеме. Ќе продолжиме да работиме неуморно за да обезбедиме нашиот јазик и култура да продолжат да живеат на овие простори.“
- „Културните елементи кои се пренесуваат од генерација на генерација сведочат за големата блискост меѓу Балканот и Туркије“ -
Потсетувајќи дека врските на Турците со Балканот датираат уште од раниот Среден век, потпретседателот на ТИКА, Чевик, рече дека по монголската инвазија односите се одвиваат со Аварите, Печенезите и Куманите и продолжуваат со Сари Салтук и туркменските племиња, по што почнале да стануваат постојани за време на Османлискиот период.
Посочувајќи дека интеракциите и односите што продолжиле и во 20. век се живи и денес, Чевик рече: „Културните елементи кои се пренесуваат од генерација на генерација, сведочат за големата блискоста меѓу Балканот и Туркије. Првенствено, би сакал да нагласам дека турскиот јазик и турската култура, турската уметност и литература во целина, имаат влијание врз начинот на живот, традициите и обичаите на сите народи на Балканот.“
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Тахсин Ибрахим, рече дека зачувувањето на постоењето на турскиот јазик на Балканот, неговото поставување како дел од секојдневниот живот и пренесувањето на идните генерации бара голема посветеност, одлучност и страст.
Првата од двете сесии на симпозиумот ја модерираше проф. д-р Мустафа Исен, поранешниот генерален секретар на Претседателството на Туркије, додека модератор на втората сесија беше раководителот на Катедрата за турски јазик и книжевност на Универзитетот во Приштина, проф. д-р Ергин Жабле.
На сесиите се дискутираше за теми како што се историјата, развојот и важноста на турскиот јазик и култура на Балканот.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.