ТИКА изврши реновирање и опремување на образовните простории на Катедрата за турски јазик и книжевност во Скопје
- „Кога ќе ја погледнеме оската на Балканот и Источна Европа, имаме реализирано приближно 120 проекти од областа на туркологијата...“
Скопје
Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) изврши поправка и опремување на образовните простории на Катедрата за турски јазик и книжевност на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, јавува Анадолу.
На свеченото отворање на проектот присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје Фатих Улусој, потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, претседателот на Турската демократска партија во Северна Македонија и пратеникот Бејџан Иљас, претседателот на Движењето за национално единство на Турците во Македонија, Ердоган Сарач, деканот на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, проф. Д-р Владимир Мартиновски, раководителот на Катедрата за турски јазик и книжевност проф. д-р Осман Емин, претставници на турските институции и организации во земјава, академската фела и студенти.
Во својот говор амбасадорот Улусој истакна дека онаму каде што нема турски јазик, тоа значи дека Турците не можат да дишат и нагласи дека им се благодарни на сите што вложуваат напори за подучување на турскиот јазик и се залагаат во оваа насока.
Посочувајќи дека Туркије секогаш стои покрај Северна Македонија, амбасадорот Улусој рече:
„Се надеваме дека во наредниот период Катедрата за туркологија ќе нѐ направи горди преку настани и активности благодарение на кои повторно ќе се дружиме.“
- Катедрата за турски јазик и книжевност следната година ќе прослави 50 години од своето постоење -
Потпретседателот на ТИКА, Махмут Чевик, потсети дека ТИКА дала придонес за развојот и ширењето на турскиот јазик и туркологијата низ целиот свет.
Истакнувајќи дека досега имаат реализирано повеќе од 500 проекти во областа на туркологијата, Чевик рече:
„Кога ќе ја погледнеме оската на Балканот и Источна Европа, имаме реализирано приближно 120 проекти од областа на туркологијата. Ова вклучува реновирање и опремување на одделите за туркологија, обезбедување обука, подготовка на едукативни материјали и поддршка. Од аспект на педагогијата, спроведуваме програми за обука за нашите наставници, како и размена на искуства во Туркије во форма на спроведување на програми за обука.“
Потпретседателот на ТИКА, Чевик, се осврна и на важноста на катедрите за туркологија и истакна дека тие ги поддржуваат ваквите проекти, давајќи придонес за развојот на турскиот јазик во регионот.
Заблагодарувајќи се на поддршката дадена за подобрување и модернизација на условите на Катедрата за турски јазик, деканот проф. д-р Мартиновски рече:
„Посакувам туркологијата и понатаму да се развива во рамките на нашиот универзитет. Се надевам дека овој развој ќе се одвива во рамките на мрежата за соработка на сите универзитети каде што се изучува туркологијата.“
Проф. д-р Емин во своето обраќање потсети дека Катедрата за турски јазик и книжевност следната година ќе прослави 50-годишнина од основањето и додаде: „Фала му на Бога, стапнавме во 49-тата година на овој пат кој има за цел да ги одржи живи турскиот јазик, култура и литература, и што е најважно да обучи наставници за турското општество.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.