живот, Балкан

Србија: Поради нискиот водостој на Дунав на површина „исплива“ потонат германски брод од Втората светска војна

На дното на реката, на границата меѓу Србија и Романија, веќе 80 години има потонати германски бродови од Втората светска војна, а остатоците од еден од нив сега се гледаат на површината на водата

Alma Dekovic  | 13.09.2024 - Обновена : 15.09.2024
Србија: Поради нискиот водостој на Дунав на површина „исплива“ потонат германски брод од Втората светска војна Фото: Amir Hamzagic/АА

ПРАХОВО (АА) - Рекордните суши во Европа и нискиот водостој на Дунав го открија трупот на еден од потопените бродови на Црноморската флота на нацистичка Германија од 1944 година, пренесува Анадолу.

На дното на реката, на границата меѓу Србија и Романија, веќе 80 години има потонати германски бродови од Втората светска војна, а остатоците од еден од нив сега се гледаат на површината на водата.

Повеќе од 200 остатоци се наоѓаат на калливото и песочно дно, а еден од нив може да се види на површината на Дунав.

За време на нискиот водостој на Дунав, потонатите бродови ја попречуваат безбедната пловидба на водениот пат од Црното Море до пристаништето Прахово, кое се наоѓа недалеку од Неготин.

Бродот некогаш бил дел од Црноморската флота на нацистичка Германија, и додека се повлекувале од советските сили кои напредувале, нацистите ги потопиле бродовите во септември 1944 година.

Некои од бродовите сè уште имаат куполи, командни мостови, скршени јарболи и искривени трупови, додека други лежат потопени меѓу песочните наноси.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.