Во Скопје се одржа концертот на турска џез-музика „Звуците од Анадолија“
„Во античкиот град Скопје се собравме да ги споиме длабоката и богата култура на Анадолија, уникатните мелодии на турската музика и џезот“
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје, во просториите на Националната опера и балет синоќа се одржа концертот „Звуците од Анадолија“ во организација на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, јавува Анадолу.
На концертот настапија познатите уметници Анил Шалиел и Марееџхи Асу, заедно со нивната група и изведуваа џез-музика со турски примеси.
На концертот присуствуваа претставници и гости од Туркије и Северна Македонија.
Потпретседателот на Институтот „Јунус Емре“, Џахид Шенел, во својот говор ги поздрави присутните и за концертот рече дека е „многу посебен настан“.
„Во античкиот град Скопје се собравме да ги споиме длабоката и богата култура на Анадолија, уникатните мелодии на турската музика и џезот“, рече Шенел.
Тој, исто така, истакна дека Институтот „Јунус Емре“ работи со сите сили на промовирање, зачувување и споделување на турското културно наследство, традиционалните уметности, музиката и турскиот јазик низ целиот свет.
„Многу сме среќни што денес ја одржуваме оваа прекрасна средба овде во Скопје. Се надевам дека концертот ќе нѐ инспирира сите и ќе нѐ запознае со универзалниот јазик на музиката“, рече тој.