Рамазан ќе започне двапати во 2030 година
- Според пресметките на лунарниот месец на Високиот совет за верски прашања на Претседателството за верски прашања на Туркије, месецот Рамазан ќе започне двапати во 2030 година.

АНКАРА (АА) - Првиот Рамазан ќе започне на 5 јануари 2030 година и ќе заврши истата година, додека вториот ќе започне на 26 декември 2030 година и ќе заврши во 2031 година, известува Анадолу.
Астрономот на Врховниот одбор за верски прашања на Туркије, Хумејра Нур Ишлек, разговараше со дописничката на АА, информирајќи дека Грегоријанскиот календар се пресметува според движењата на сонцето, додека Исламскиот календар (хиџрански календар) според движењата на Месечината и истакна дека има разлика од 10-11 дена меѓу двата календари.
Објаснувајќи дека пократката исламската година се движи во Грегоријанската година, Ишлек го рече следното:
„Тоа го гледаме во реалност. Месецот Рамазан може да падне и во лето и во зима. Хиџраскиот календар ротира низ сите годишни времиња“.
Таа рече дека почетокот на лунарните месеци го пресметуваат според движењата на Месечината и дека врз основа на таа пресметка се одредуваат верските денови, ноќи и празници.
- „Во 2030 година ќе има 35 дена пост“
Ишлек рече дека списокот на верски денови и мапи за видливоста на полумесечината до 2035 година се објавени на веб-страницата на турското Претседателството за верски прашања.
„Поради разликата од 10 до 11 дена помеѓу грегоријанскиот и хиџраскиот календар, Рамазан ќе започне на 5 јануари 2030 година и ќе има 30 дена пост. Истата година, Рамазан повторно ќе започне на 26 декември, така да до крајот на годината ќе има уште 5 дена пост. Според тоа, во 2030 година се ќе постат вкупно 35 дена.“
Таа се осврна на фактор дека и во минатото во иста година Рамазан се случувал два пати и додаде:
„Рамазан два пати започна и во 1900, 1932, 1964 и 1997 година. Тоа се случило во јануари и декември. Слични ситуации ќе се случат и во иднина. Сè уште не сме го пресметале календарот по 2035 година, но приближно истата ситуација ќе се случи во 2062-2063 година. Ова е настан што се повторува на приближно 32-33 години.“
Хумејра Нур Ишлек рече дека списокот со сите верски денови помеѓу 1900 и 2035 година е отворен за пристап на веб-страницата „vakithesaplama.diyanet.gov.tr“ на Претседателството за верски прашања на Туркије.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.