Турција, наука и технологија

Туркије за истражувања и развој во период од девет години потроши 127,5 милијарди долари

Според податоците, трошоците за истражување и развој во земјата забележаа рекордно високо ниво од 15,8 милијарди долари во 2023 година, а помеѓу 2014 и 2023 година има пораст од 21,5 пати

Zeynep Duyar  | 07.11.2024 - Обновена : 08.11.2024
Туркије за истражувања и развој во период од девет години потроши 127,5 милијарди долари

АНКАРА (АА) – Туркије во периодот од 2014 до 2023 година за истражување и развој потрошила вкупно еден билион турски лири (127,5 милијарди долари), покажуваат податоците на Заводот за статистика на земјата (ТуркСтат), јавува Анадолу.

Податоците покажуваат дека трошоците на Туркије за истражување и развој во 2014 година биле 7,9 милијарди долари, бројка што во 2015 година се искачи на 8,3 милијарди. Во 2021 година трошоците за истражување и развој достигнаа 11,4 милијарди долари, а се зголемија на 11,9 милијарди долари во 2022 година.

Според податоците, трошоците за истражување и развој во земјата забележаа рекордно високо ниво од 15,8 милијарди долари во 2023 година, а помеѓу 2014 и 2023 година има пораст од 21,5 пати.

Односот на бруто-домашниот производ (БДП) кон трошоците за истражување и развој во 2014 година изнесувал 1,01%, а во 2023 година се искачи на 1,42%.

Повеќе од половина од финансирањата за истражување и развој во деветгодишниот период е обезбедено од компании, а придонесот на Владата во овој период изнесува 32 отсто.

Вкупниот број вработени во истражувачко-развојната дејност со полно работно време е зголемен од над 155.400 во 2014 година на над 290.800 минатата година, од кои 34,1 отсто се жени. Учеството на жените во вкупниот број вработени во истражувачко-развојната дејност во 2014 година изнесувал 30,2 отсто.

Статистиката покажува дека минатата година 38,3 отсто од вработените во истражувачко-развојната дејност биле со високо образование, а оние со докторат или еквивалентен степен учествуваат со 21,4 отсто. Лицата со диплома од стручно училиште сочинуваат 4,9 отсто од вкупниот број вработени во истражувачко-развојната дејност, а оние со диплома за средно образование сочинуваат 4,4 отсто.

Турскиот главен град Анкара имаше најголемо финансирање за истражување и развој минатата година, како што беше случајот и во 2014 година, по што следуваат Истанбул и областите Коџаели, Сакарија, Дузџе, Болу и Јалова.

Што се однесува до технологијата, податоците покажуваат дека инвестициите во средновисоката технологија го презедоа приматот во периодот од 2015 до 2017 година.

Финансирањето во високотехнолошки истражувања и развој изнесуваше 845 милиони долари во 2015 година и, според најновите податоци, се зголеми на 2,7 милијарди долари.

Трошоците за истражување и развој на преработувачката индустрија достигнаа 5,8 милијарди долари минатата година, а на високотехнолошките активности отпаѓаат 47,5 отсто.

Според податоците на Турската централна банка, во последната деценија курсот на американскиот долар и турската лира во просек беше 7,84.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.