свет, политика

„Трамп му вети на Нетанјаху укинување на сите ограничувања за трансфер на оружје во Израел“,објавија израелските медиуми

- Новоизбраниот претседател Доналд Трамп му вети на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека ќе ги укине сите ограничувања и одложувања за трансферот на оружје во Израел уште прв ден кога ќе ја преземе должноста во Белата куќа

Mustafa Deveci  | 14.11.2024 - Обновена : 14.11.2024
„Трамп му вети на Нетанјаху укинување на сите ограничувања за трансфер на оружје во Израел“,објавија израелските медиуми

АНКАРА (АА) - Доналд Трамп, кој е избран за 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави (САД), вети дека уште првиот ден кога ќе ја преземе функцијата ќе ги отстрани сите ограничувања и одложувања за трансфер на оружје и воена опрема во Израел, објави израелскиот телевизиски канал „Канал 12“, пренесува Анадолу.

Во еден од телефонските разговори меѓу Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по претседателските избори во САД, се споменува трансфер на американско оружје во Тел Авив, објави израелската телевизија.

Се наведува дека за време на разговорот Трамп му ветил на Нетанјаху дека ќе ги укине сите ограничувања и одложувања за трансферот на оружје и воена опрема во Израел уште првиот ден кога ќе ја преземе функцијата во Белата куќа.

Трамп и Нетанјаху разговараа три пати по телефон по одржувањето на претседателските избори на 5 ноември.

Трамп функцијата претседател на САД ќе ја преземе на 20 јануари 2025 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın