политика

Шефот на турската дипломатија се состана со рускиот и швајцарскиот колега во рамки на Форумот за дипломатија во Анталија

- Средбите се одржаа во рамките на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) 2025, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу.

Serdar Dincel, Gökhan Çeliker  | 12.04.2025 - Обновена : 12.04.2025
Шефот на турската дипломатија се состана со рускиот и швајцарскиот колега во рамки на Форумот за дипломатија во Анталија

ИСТАНБУЛ/АНТАЛИЈА (АА) — Турскиот министер за надворешни работи, Хакан Фидан, денеска одржа одделни средби со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров и со швајцарскиот министер Игнасио Касис, јавува Анадолу.

Средбите се одржаа во рамките на Форумот за дипломатија во Анталија (ФДА) 2025, чиј глобален комуникациски партнер е Агенција Анадолу.

Според дипломатски извори, на средбата со Лавров, двајцата министри разговарале за билатералните односи, енергетската соработка, прашања поврзани со безбедноста на пловидбата во Црното Море, како и напорите за постигнување прекин на огнот во тековната војна меѓу Русија и Украина.

Дополнително, било разговарано и за актуелните случувања во Сирија и за последната состојба во Појасот Газа.

Турското Министерство за надворешни работи соопшти дека Фидан остварил и средба со швајцарскиот министер Игнацио Касис, во рамките на Форумот, но детали од разговорот не се објавени.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.