свет

Прекинот на огнот во Газа стапува во сила во недела во 6:30 часот (СЕВ)

Катар го повика населението на Газа да преземе примарни мерки на претпазливост и да ги следи упатствата на надлежните

Hamdi Yıldız  | 18.01.2025 - Обновена : 18.01.2025
Прекинот на огнот во Газа стапува во сила во недела во 6:30 часот (СЕВ)

ИСТАНБУЛ (АА) - Прекинот на огнот во Поајсто Газа ќе стапи во сила во недела во 6:30 часот по средноевропско време (СЕВ), објави Катар, известува Анадолу.

Портпаролот на катарското Министерство за надворешни работи, Маџед ал-Ансари, соопшти дека прекинот на огнот ќе стапи во сила на 19. јануари во 8:30 часот по локално време (6:30 по СЕВ).

Ал-Ансари го повика населението на Газа да преземе примарни мерки на претпазливост и да ги следи упатствата на надлежните.

Катар, еден од посредниците во преговорите, на 15. јануари објави дека Израел и Хамас постигнале договор за прекин на огнот во Газа и размена на заробеници.

Договорот кој се состои од три фази, предвидува во првите 42 дена да бидат ослободени 33 израелски заложници.

Предвидена е испорака на хуманитарна помош во Газа, како и враќање на раселените Палестинци.

Деталите од втората и третата фаза на договорот ќе бидат соопштени по имплементацијата на првата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.