свет

Светски економски форум: До 2030 година во светот ќе бидат отворени 78 милиони нови работни места

Низ светот се очекува да се создадат 170 милиони нови работни места, до 2030 година ќе се прераспределат 92 милиони постојни работни места, а 78 милиони се нето-нови работни места

Nuran Erkul Kaya  | 08.01.2025 - Обновена : 09.01.2025
Светски економски форум: До 2030 година во светот ќе бидат отворени 78 милиони нови работни места

ЛОНДОН (АА) - Светскиот економски форум (WEF) проценува дека до 2030 година во светот ќе бидат отворени 78 милиони нето-нови работни места бидејќи низ светот се менуваат трендовите во технологијата, економијата, транзицијата кон зелена енергија, демографијата и друго, јавува Анадолу.

Технолошкиот развој, геополитичките и економските тензии и другите притисоци во светот ги поттикнуваат силите да ги обликуваат секторите и работните места низ светот, се вели во извештајот на Светскиот економски форум во врска со иднината на вработувањата за 2025 година што е објавен вчера.

Низ светот се очекува да се создадат 170 милиони нови работни места, до 2030 година ќе се прераспределат 92 милиони постојни работни места, а 78 милиони се нето-нови работни места.

Некои од најбрзо растечките работни места во светот се во областите поврзани со технологијата, кои вклучуваат позиции за податоци и вештачка интелигенција, а работните места, како разнесувачи на пратки, градежни работници, наставници, медицински сестри, исто така, се очекува да растат, се наведува во извештајот.

Во меѓувреме најбрзо се намалува бројот на работни места на службеници и секретарски позиции, како што се административни асистенти, извршни секретари, службеници во поштенски служби, банкарски шалтери и службеници за внесување податоци, според Светскиот економски форум.

Во извештајот се наведува дека зголемениот „јаз во вештините“ е најголема бариера за трансформацијата на бизнисите.

„Осумдесет и пет отсто од анкетираните работодавци планираат да ѝ дадат приоритет на надградбата на својата работна сила, при што 70 отсто од работодавците очекуваат да вработат персонал со нови вештини, 40 отсто планираат да го намалат персоналот бидејќи неговите вештини стануваат сѐ помалку релевантни, а 50 отсто планираат да го пренасочат персоналот од опаѓачки кон растечки (од интерес) позиции“, се вели во извештајот.

Повеќе од 120 милиони работници се соочуваат со ризик од отпуштање на среден рок поради јазот во вештините.

Со оглед на тоа што се очекува да се зголеми побарувачката за технолошки вештини поврзани со вештачката интелигенција, големите податоци и кибербезбедноста, потоа вештините насочени кон човекот, како аналитичко размислување, флексибилност, агилност и лидерство, исто така, се барани.

Комбинацијата од најбрзо растечките вештини во вештачката интелигенција и големите податоци, мрежите, кибербезбедноста и технолошката писменост и вештините насочени кон човекот се очекува брзо да го сменат пазарот на труд до 2030 година.

Во извештајот се наведува дека половина од анкетираните работодавци планираат да ги трансформираат своите бизниси за да таргетираат нови можности во технологијата, 77 отсто од работодавците рекле дека планираат своите работници да ги пратат на усовршување, а 41 отсто од работодавците имаат намера да отпуштат работници за да ги заменат со вештачка интелигенција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.