Франција ја продолжува граничната контрола во Шенген зоната поради безбедносни причини
Премиерот ја нагласи потребата за ефикасна контрола на миграцијата поради загриженоста во врска со тероризмот, криминалните мрежи и потенцијалната инфилтрација на радикализирани поединци
ИСТАНБУЛ (АА) - Франција денес ги прошири граничните контроли во Шенген зоната со цел да ги зајакне безбедносните мерки против потенцијалните закани и да ја осигура јавната безбедност во рамките на границите, јавува Анадолу.
Францускиот премиер Мишел Барние на платформата X објави дека контролата на внатрешните граници со соседните држави Белгија, Германија, Италија, Луксембург, Шпанија и Швајцарија ќе останат во сила до 30 април 2025 година, наведувајќи ги како причина „сериозните закани за јавниот ред и внатрешната безбедност“.
Овие мерки се очекува да предизвикаат значителни доцнења во сообраќајот за патниците кои патуваат кон градовите како Мускрон, Турне и Менен, јави радио Франсинфо.
Овој месец, Барние посочи дека одлуката е донесена по упатствата на Европската комисија. Тој ја нагласи потребата за ефикасна контрола на миграцијата поради загриженоста во врска со тероризмот, криминалните мрежи и потенцијалната инфилтрација на радикализирани поединци.
Според Шенгенскиот договор, граѓаните на земјите членки на ЕУ можат слободно да патуваат преку внатрешните граници само со документ за идентификација, овозможувајќи им на над 400 милиони луѓе да се движат без гранични проверки. Но, земјите може привремено да ги вратат граничните проверки поради загриженост од сериозни закани.
Стапувајќи на сила веднаш, органите на прогонот ќе вршат визуелна проверка на личните документи на возачите на граничните контролни пунктови. Поединците кои се сметаат за „опасни“ може да бидат вратени во земјата преку која влегле во Европската Унија, во согласност со Даблинската регулатива.
Речиси 20 контролни пунктови ќе бидат поставени близу клучните погранични градови, каде што надлежните очекуваат значителни редици кои потсетуваат на периодот пред затворањето на граничниот премин Рекем во 2014 година.
Историски гледано, таквите контроли често се прошируваат надвор од нивните првични временски рамки; по нападите во Париз во 2015 година, слични мерки беа воведени и подоцна продолжени за безбедноста за време на Олимписките игри оваа година.
Барние ја бранеше имплементацијата на овие контроли, наведувајќи ја Италија како успешен пример: „Тоа е докажан модел. Ќе го спроведеме на сите копнени граници на Франција“.
На сличен начин, Германија и Холандија најавија враќање на привремените гранични контроли на 16 септември, наведувајќи ја како причина безбедносната загриженост.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.