Шефот на турската дипломатија Фидан: Денес, како Туркије, со право сме горди што сме на вистинската страна на историјата
Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, во Дамаск се состана со лидерот на новата сириска администрација, Ахмед ал-Шара.
ДАМАСК (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан истакна „Денес, како Туркије, со право сме горди што сме на вистинската страна на историјата“, известува Анадолу.
Министерот за надворешни работи на Туркије Фидан во Дамаск одржа заедничка прес-конференција со лидерот на новата сириска влада, Ахмед ал-Шара во Дамаск, известува Анадолу.
Во својот воведен говор министерот Фидан рече:
„Ви ги пренесувам поздравите на турскиот народ. Ви ги пренесувам најубавите желби и поздрави на нашиот претседател г-дин Реџеп Таип Ердоган. 14 години вашата радост беше наша радост, вашата тага беше наша тага. Законот за братство и соседство тоа го налагаше. Денес, како Туркије, со право сме горди што сме на вистинската страна на историјата.“
Драги мои браќа и сестри, се надевам дека најтешкиот и најтемниот период за вашата земја е зад нас. Сѐ надеваме дека нѐ чекаат подобри денови.“
Шефот на турската дипломатија Фидан рече турскиот народ, турската држава и претседателот Ердоган, секогаш ќе бидат покрај Сирија.
Во врска со територијалниот интегритет на Сирија, министерот Фидан истакна:
„Ова не е период за чекање. Мораме да преземеме акција. За територијалниот интегритет не може да се преговара. Би сакале уште еднаш да кажеме дека нема место за ПКК/ЈПГ во Сирија“.
Министерот Фидан се осврна и на континуираните израелски напади врз Сирија, потенцирајќи:
„Апсолутно е неприфатливо да се толерира Израел да ја искористи моменталната ситуација и да ја узурпира сириската територија.“
Ахмед ал-Шара, лидерот на новата администрација во Сирија, во своето обраќање на прес-конференцијата истакна:
„Пријателската земја Туркије стои покрај сирискиот народ од почетокот на револуцијата.“
За ситуацијата во земјата и дејствувањето на различни терористички и вооружени групи во Сирија, ал-Шара посочи: „Неприфатливо е некоја група да е вооружена во областите под наша контрола или во областите под контрола на ПКК/ЈПГ“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.