Турција, политика

Средба Ердоган-Пезешкијан: Сирија да биде земја каде ќе преовладува стабилноста, безбедноста и ќе се искорени тероризмот

Ердоган: Стабилизацијата на Сирија ќе ѝ служи на стабилноста и безбедноста на целиот регион, а брзото закрепнување на Сирија може да се постигне само со придонес на сите регионални и меѓународни актери

Muhammed Nuri Erdoğan  | 19.12.2024 - Обновена : 20.12.2024
Средба Ердоган-Пезешкијан: Сирија да биде земја каде ќе преовладува стабилноста, безбедноста и ќе се искорени тероризмот

Ankara

Претседателот Реџеп Таип Ердоган на средбата со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан рекол дека Туркије сака да ја види Сирија како земја во која ќе преовладува стабилноста и безбедноста, ќе се искорени тероризмот, а бегалците доброволно и гордо ќе се враќаат во својата земја, истакнувајќи дека е потребно да се зачува интегритетот и единството на земјата, известува Анадолу.

Од страна на Дирекцијата за комуникации на турското Претседателство објави соопштение за средбата на Ердоган со Пезешкијан, во рамките на Самитот на Д-8 во Каиро.

Во соопштението се наведува дека на состанокот се разговарало за билатералните односи меѓу Туркије и Иран, како и за регионални и глобални прашања.

Претседателот Ердоган за време на состанокот рекол дека односите меѓу Туркије и Иран се основата на регионалната стабилност, дека двете земји имаат можност да ја достигнат целта од 30 милијарди долари заемна трговска размена и дека тоа може да се постигне со развој на односи.

Во соопштението се наведува:

„Претседателот Ердоган истакна дека Туркије сака да ја види Сирија како земја во која ќе преовладува стабилноста и безбедноста, ќе се искорени тероризмот, а бегалците доброволно и гордо ќе се враќаат во својата земја, истакнувајќи дека е неопходно да се зачува територијалниот интегритет и единството на Сирија.

Претседателот Ердоган изјави дека стабилизацијата на Сирија ќе ѝ служи на стабилноста и безбедноста на целиот регион и дека брзото закрепнување на Сирија може да се постигне само со придонес на сите регионални и меѓународни актери.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.