Косовската полиција ги заплени материјалните докази во седиштето на „Самоопределување“
- Од полицијата,е соопштено дека во седиштето на Движењето „Самоопределување“ запленети се и материјални докази, меѓу кои воени маски, спрејови, торби со стаклени сфери, солзавец, радио мотороли, боца со гумени куршуми, најлон кеси со солзавец

Приштина
ПРИШТИНА (АА) – Косовската полиција соопшти дека синоќа по насилната реакција на активистите на „Самоопределување“ пред и во седиштето на партијата при апсењето на Албин Курти, приведени се 97 лица од кои 11 се задржани во притвор од 48 часа под сомнение за вклученост во криминални дела, 53 се испратени на забрзана процедура во граѓанските предмети, 26 се ослободени по редовната процедура, додека седуммина малолетници се ослободени, јавува Anadolu Agency (AA).
Според полицијата, бројот на повредени лица кои побарале лекарска помош се зголеми на 10, а повредени се и двајца полицајци, кои исто побараа лекарска помош.
Од полицијата, исто така, е соопштено дека во седиштето на Движењето „Самоопределување“ запленети и материјални докази, меѓу кои и воени маски, спрејови, метални шипки, торби со сомнителен прав, торби со стаклени сфери, солзавец, радио мотороли, боца со гумени куршуми, најлон кеси со солзавец, пластични шишиња наполнети со бензин како и црни фантомки за сокривање на лицата.
Да потсетиме, синоќа, Основниот суд во Приштина, по барање на Обвинителството одреди едномесечен притвор на пратеникот на опозициското Движење „Самоопределување“, Албан Курти. Мерката притвор над Курти е изречена затоа што над него е започната истрага поради соменение дека е вршител на кривичните дела: предизвикување на општа опасност, користење на оружје или опасни средства и попречување службени лица, соопштено е од Основниот суд.
Исто така, постои сомневање дека обвинетиот ќе ги повтори истите кривични дела, како и тоа што обвинетит до денес беше во бегство иако знаеше дека го бара Државното обвинителство и дека постои налог за негово апсење. На одлуката на судот постои право на жалба во рок од три дена, а обвинетиот останува во притвор.
До апсење на Курти дојде по минатонеделното блокирање на работата на Собранието на Косово и протестот на десетици илјади граѓани, во организација на здружената опозиција против Договорот на Косово за Заедницата на општини со српско мнозинство во Косово и демаркацијата на границата со Црна Гора, на која се појави и пратеникот Албин Курти.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.