Турција потпиша договор со Шпанија за извоз на автохтониот турски авион за обука „Хурџет“
Турција потпиша историски договор со Шпанија за извоз на турскиот авион за обука од домашно производство „Хурџет“, за потребите на шпанските вооружени сили. Церемонијата на потпишување се одржа во погоните на компанијата „Ербас“ во Гетафе, Шпанија, а се однесува на извозот на „Хурџет“, национален млазен авион за обука произведен од Турската авиоиндустрија (ТАИ).