Политика на правилно информирање

АНАДОЛУ АЖАНСИ Т.А.Ш.

ЗАШТИТА И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

ТЕКСТ ЗА РАЗЈАСНУВАЊЕ

 

  1. ЦЕЛ И ОПСЕГ

 

1.1. Текстот за разјаснување за заштита и обработка на личните податоци („Текст за разјаснување“) на Анадолу Ажанси Т.А.Ш. („Анадолу Ажанси“), е подготвен за да ве информираме и разјасниме на транспарентен начин во врска со начините на собирање на вашите лични податоци, целите и законските причини за обработка на личните податоци, дали личните податоци се трансферирани врз основа на вашите принципи и права како сопственик на податоците во врска со тоа, врз основа на член 10 од Законот 6698 за Заштита на личните податоци, во врска со обработка на личните податоци обезбедени од страна на корисниците и/или податоците обезбедени од трети лица од интернет страниците www.aa.com.tr (….)

 

1.2. Погледнете ја „ПОЛИТИКАТА НА ТАИНСТВЕНОСТ И КОРИСТЕЊЕ НА ВЕБ-КОЛАЧИЊА НА ИНТЕРНЕТ СТРАНИЦАТА НА АНАДОЛУ АЖАНСИ ТУРК АНОНИМ ШИРКЕТИ“ за подетални информации во врска со личните податоци обезбедени преку колачињата кои датотеки за идентификација кои се оставаат во уредите од каде Претплатниците и Посетителите пристапуваат на интернет страницата на Анадолу Ажанси.

 

1.3. Анадолу Ажанси било кога може да ги ажурира и промени одредбите од овој Текст за разјаснување со цел да се објавуваат на горенаведените интернет страници. Ажурирањата и промените кои ги прави Анадолу Ажанси, ќе бидат валидни од датумот на објавување на интернет страницата.

 

1.4. Сите Претплатници и Корисници во овој Текст за разјаснување ќе бидат именувани одделно или заедно како Посетител.

 

  1. ДЕФИНИЦИИ И КРАТЕНКИ

Значењето на дефинициите наведени во Текстот за разјаснување се следни;

Претплатник             : Физичко и правно лице кое преку претплатничкиот систем ги користи услугите на Анадолу Ажанси,

Анадолу Ажанси       : Анадолу Ажанси Турк Аноним Ширкети со седиште на адреса „Eti Mah. GMK Bulvarı No: 132 Çankaya/Ankara“

Колачиња                  : Мали текстуални датотеки кои преку пребарувачот се складираат во вашиот уред или во мрежниот сервер од страна на посетуваната интернет страница,

Интернет страница   : Интернет страниците www.aa.com.tr и (….) чиј сопственик и раководител е Анадолу Ажанси,

Лични податоци        : Секакви информации околу Посетителот чиј идентитет е специфициран или може да се специфицира,

Обработка на лични податоци: Секој процес којшто се реализира врз податоците, како што се обезбедување на податоци на целосно или делумно автоматски начин под услов да бидат дел од било кој систем за регистрација на податоци, нивна регистрација, складирање, зачувување, промена, преуредување, објаснување, пренесување, трансферирање, нивна трансформација во пристапни податоци, класификација или спречување на нивна употреба,

Сопственик на лични податоци      : Посетителот чии лични податоци се обработуваат,

Корисник                   : Посетители и Претплатници кои ги користат интернет страниците создавајќи корисничко име и лозинка со цел пристапување до интернет страниците на Анадолу Ажанси,

КВКК                         : Законот 6698 за заштита на личните податоци кој стапи во сила по објавување на Службен Весник на 7 април 2016 година,

Обработувач на податоци    : Физичко и правно лице кој ги обработува Личните Податоци во име на одговорниот за податоци,

Одговорен за податоци         : Физичко или правно лице кое е ги специфицира целите и инструментите за обработка на Личните Податоци, и е одговорно за формирање и управување на системот за регистрација,

Посетител                  : Лицата кои за било каква намена ги користат интернет страниците www.aa.com.trи (…) на Анадолу Ажанси.

 

  1. ОДГОВОРЕН ЗА ПОДАТОЦИ

Врз основа на КВКК, вашите Лични Податоци кои ги споделувате како Посетител или се обезбедени од страна на трети лица, ќе бидат собирани и обработени од страна на Анадолу Ажанси како Одговорна за податоци, на долунаведени рамки.

 

  1. ОБРАБОТЕНИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Видовите и бројот на податоци се менуваат во зависност од односите меѓу вас и Анадолу Ажанси, и целите на обработување; долу е специфицирано што се случува со вашите Лични Податоци кои ги споделувате со Анадолу Ажанси или кои Анадолу Ажанси ги обезбедува од трети лица.

Име и податоци за контакт: Име, презиме, бројот на мобилен, број на домашен телефон, број на службен телефон, адреса, е-пошта, информации за фактурата, матичен број, фотокопија на лична карта, и други релевантни информации.

Информации за верификација на идентитетот : Информации за членство, лозинките користени за верификација на идентитетот или за пристапување во сметка, Корисничко Име, податоци за контакт и кориснички броеви.

Демографски податоци : Датум на раѓање, возраст, пол, брачна состојба, образовен статус, професија, области на заинтересираност, податоци на избраниот јазик.

Податоци за користење и фаворитите : Податоците за часот и датумот користени во објавите на Анадолу Ажанси, содржините прочитани преку интернет страницата, етикетите, категориите, датумот на последен влез во интернет страницата, посетените интернет страници, бројот на отворени страници, времетраењето на посетата и бројот на исполнети цели, термините напишани за време на пребарувањето, категориите на посетените вести, грешките за време на користењето на услугата и слични проблеми, вклучувајќи ги податоците Посетителите собирани преку софтверите и различни технолошки средства, но без да се ограничува со нив.

Податоци за локација : Вклучува податоци осетливи или блиски на локацијата на Посетителите. Податоците за локација добиени од ГПС (GPS) и податоците околу ИП (IP) и порт адреси, се користат се додека Посетителот ги употребува мобилните апликации на Анадолу Ажанси, во случај да ги побара содржините околу својата локација, и во случај посетителот дава дозвола околу тоа.

Податоци за плаќање : Податоци како сметка на претплатникот, и податоците за плаќање (име, презиме, адреса на сметката, матичен број, даночен број), сметките испратени до претплатникот и примероците на уплатници добиени од членовите, бројот на плаќање, сумата на сметката, датумот на сметката.

Податоци за содржината : Информации за членство, објаснување на соопштението, објаснување на решението, задоволство, причина на соопштението, забелешка на клиентот, датум за обновување на претплатата, содржината на грешката наведена за време на употребата на Услугата, статус на посредно известување, посредно известување, и слични податоци како причина на пребарувањето.

 

 

  1. ОПШТИТЕ ПРИНЦИПИ, УСЛОВИ И ЦЕЛИТЕ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

5.1. Вашите Лични Податоци се обработуваат врз основа на општите принципи наведени во член 4 на КВКК;

 

· Во согласност со законот и правилата на чесност,

· На праведен, и по потреба на ажуриран начин,

· За одредени, отворени и легитимни цели,

· Поврзани, ограничени и измерени со целта на обработување,

· Зачувувајќи ги во рокот предвиден со закон, или во рокот потребен за целта за која се обработени.

 

5.2. Врз основа на член 5 на КВКК, Личните податоци не можат да се обработуваат без отворена согласност на Сопственикот на Податоците. Но, врз основа на истиот член, во случај на исполнување на еден од долунаведените услови, можна е обработката на Личните Податоци без отворена согласност на Сопственикот на Податоците:

 

· Доколку отворено е предвидено во законите,

· Доколку лицето не е во можност да ја објави својата согласност или не му се признава законската валидност на согласноста и се обврзува заштитата на неговиот животен или физички интегритет или на друго лице,

· Доколку директно е поврзан со создавање или завршување на еден договор и се бара обработка на личните податоци кои им припаѓаат на страните,

· Доколку задолжително е Одговорниот за податоци да го исполни својата законска обврска,

· Доколку Сопственикот на Личните Податоци самиот се изнесува во јавност,

· Доколку обработката на податоците е задолжителен за поставување, користење или заштита на едно право,

· Доколку податоците треба да се обработуваат за легитимни интереси на Одговорниот за Податоци, со услов да не се нарушат основите права и слободи на на Сопственикот на Лични Податоци.

 

5.3. Вашите Лични Податоци кои се дел од овој Текст за разјаснување, се обработуваат од страна на Анадолу Ажанси за долунаведените цели:

 

Име и податоци за контакт :За внатрешна евалуација во компанијата, комуникација, регистрација на Посетители, обезбедување информации за потенцијален Претплатник, развој на процесите по продажба, развој на работата, за собирање, промовирање, анализа, управување на поплаки, управување на процесите на задоволство на Претплатникот, маркетинг, истражување, фактурирање, управување со оперативни активности, мерење  на квалитетот на услугата, развој, ревизија, контрола, оптимизација, верификација на клиенти, маркетинг, продажба, откривање и спречување на;

 

Информации за верификација на идентитетот :За регистрација на корисникот, известување на проблем/грешка, развој на оперативните активности, развој на процесите по Претплатниците, развој на работата, собирање, внатрешна евалуација во компанијата, управување со портфолиото на клиентите, мерење на квалитетот на услугата, комуникација, оптимизација, ревизија, управување со ризици, верификација на клиенти, откривање и спречување на измама;

 

Демографски податоци :Внатрешна евалуација во компанијата, анализа, комуникација, развој на процесите по продажба, развој на работата, собирање, податоци за користење и интереси, фаворитите, маркетинг, продажба, реклама, ревизија и контрола, управување со кризи, развој на процесите по продажба, развој на работата, собирање, внатрешна евалуација во компанијата, услуги по продажба, мерење на квалитетот на услугата, развој, комуникација, водење на процесите за управување со поплаки, вршење и развој на оперативни активности, регистрација, известување на проблем/грешка;

 

Податоци за користење и фаворитите :За регистрација на корисници, известување на проблем/грешка, контрола, вршење и развој на оперативни активности, развој на услугите и процесите по продажба, развој на работата, собирање, внатрешна евалуација во компанијата, онлајн реклами и маркетинг за однесување, управување со портфолиото на Претплатникот, мерење и развој на квалитетот на услугите, комуникација, оптимизација, ревизија, управување контрола со ризици, промоција, анализа, одредување на области на интерес, резултати, профилирање, маркетинг, продажба, реклама, комуникација, водење на процесите за управување со поплаки, регистрација, известување на проблем/грешка;

 

Податоци за локација :За користење, ревизија и контрола на порталните функции во зависност или поврзани со локацијата, управување со ризици;

 

Податоци за плаќање :За управување со процесите на фактурирање, сметководство, развој на процесите по продажба, собирање, внатрешна евалуација во компанијата, резултати, профилирање, управување на односите со клиентите, услуги по продажба, комуникација, маркетинг, ревизија, контрола, процесите извршени со давателите на услугите на продажба;

 

Содржина :За развој на работата, оптимизација, управување на односите со клиенти, ревизија, контрола, развој на оперативни активности, промоција, внатрешна евалуација во компанијата, управување со Претплатници, анализа, резултати, профилирање, развој на процесите по продажба, собирање, услуги по продажба, комуникација, мерење на квалитетот на услугите, развој, водење на процесите на управување со поплаки.

 

  1. НАЧИНИ И ЗАКОНСКИ ПРИЧИНИ ЗА СОБИРАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

6.1. Вашите Лични Податоци се собираат, обработуваат и пренесуваат од страна на Анадолу Ажанси, во согласност со основните принципи предвидени во КВКК, во рамките на условите за обработка на Лични Податоци наведени во член 5 и член 6 од КВКК, поради целите наведени во овој Текст за разјаснување, врз основа на законски причини и преку следни канали:

· Претплатнички формулари,

· Формулари за контакт на интернет страници,

· Посети на интернет страници,

· Формулари за регистрација во е-билтени,

· Формулари за членство,

· Склучени договори,

.

6.2. Вашите Лични Податоци кои се дел од овој Текст за разјаснување, се земаат и обработуваат врз основа на долунаведените законски причини:

 

Име и податоци за контакт : Доколку директно е поврзан со создавање или извршување на еден договор.

Информации за верификација на идентитетот : Доколку директно е поврзан со создавање или извршување на еден договор, доколку е потребно за законска обврска на Одговорниот на Податоци, доколку е задолжително за обработка на податоци за создавање, користење или заштита на едно право, доколку е потребно за легитимните интереси на Одговорниот за Податоци.

Демографски податоци : Доколку директно е поврзан со создавање или извршување на договор, доколку е потребно за законска обврска на Одговорниот на Податоци, доколку е задолжително за обработка на податоци за создавање, користење или заштита на едно право, доколку е потребно за легитимните интереси на Одговорниот за Податоци.

Податоци за користење и фаворитите : Доколку е потребно за легитимните интереси на Одговорниот за Податоци.

Податоци за локација : Доколку директно е поврзан со создавање или извршување на договор.

Податоци за плаќање : Доколку отворено е предвиден во законите, доколку директно е поврзан со создавање или извршување на еден договор, доколку е потребно за законска обврска на Одговорниот на Податоци.

Содржина : Доколку отворено е предвиден во законите, доколку директно е поврзан со создавање или извршување на еден договор, доколку е потребно за законска обврска на Одговорниот на Податоци, доколку е потребно за легитимните интереси на Одговорниот за Податоци.

 

  1. ТРАНСФЕР НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

7.1.  Анадолу Ажанси ги користи личните податоци кои се предмет на Текстот за разјаснување, и новите податоци добиени со користење на овие лични податоци, првенствено ги користи за исполнување на барањата од обврски/договор кон сопственикот на личните податоци (вклучувајќи подобрување и персонализација), за осигурување безбедност на сопственикот на личните податоци, откривање и спречување измама, подобрување на понудените услуги, спроведување оперативна истражувачка оценка, решавање на грешките, проверка на корисничкиот идентитет, за извршување на било која од горенаведените целите, вклучувајќи го и подобрувањето на перформансите на системот, а во рамките на законските обврски, во особени случаи кои што се опфатени со точката 5.2 од овој Текст за разјаснување, може да ги сподели со: надворешни даватели на услуги, карго компании, правни фирми, истражувачки компании, кол центри,  управа за жалби и софтверски компании кои ја одржуваат безбедноста, агенции, консултантски компании,  компании од печатарскиот сектор, банки, правни или трети лица, вклучувајќи и кругови на социјалните медиуми и  овластен институции, организации, органи, административни и судски тела.

 

7.2. Во рамките на горенаведените цели и категории, Анадолу Ажанси за истите намени, ограничено и пропорционално, како што може да ги пренесе личните податоци  кон трети лица во земјата, тоа може да го направи и кон странство.

 

  1. ПЕРИОД ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

 

8.1. И покрај тоа што обработката се спроведува во согласност со КВКК и другите соодветни закони, по укинувањето на причините за обработка на податоците, Анадолу Ажанси ги брише, уништува или ги доведува во анонимна форма личните податоци.

 

8.2.  Доколку дојде до некакво недоразбирање или спор, Анадолу Ажанси, во согласност со законите на КВКК, може да ги зачува личните податоци во текот на временскиот период одреден со закон. Во тој случај, задржаните лични податоци не можат да се користат за било која друга цел, туку само во рамките на конкретниот спор.

 

  1. ПРАВА НА СОПСТВЕНИКОТ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

 

9.1.  Во рамките на КВКК и соодветното законодавство, Сопствениците на Лични Податоци ги поседуваат следните права;

· Дознавање дали се обработуваат личните податоци,

· Барање информации во врска со обработените лични податоци,

· Информирање во врска со намената на обработените лични податоци и дали тие се користат соодветно на целта,

· Информирање за третите лица во земјата или во странство на кои им се траснферирани личните податоци,

· Барање за исправка на личните податоци во случај кога тие се нецелосни или се дадени погрешно, и во процесот спроведен во тие рамки, барање за информирање на трети лица за надополнувањето на личните податоци,

· И покрај тоа што обработката е спроведена во согласност со Законот 6698 и одредбите на другите соодветни закони, доколку дојде до отстранување на причините за спроведување на обработката на податоци, тогаш се бара бришење или уништување на личните податоци и во тие рамки информирање на трета страна на која ѝ се предадени личните податоци,

· Приговор поради појава на последици против лицето поради анализа на обработените податоци исклучиво со автоматски системи,

· Доколку е настаната загуба при обработката која го прекршува Законот за лични податоци, тогаш лицето има право да бара надомест за настаната загуба.

 

9.2.  Како сопственици на лични податоци, во формуларот кој ги содржи барањата во врска со вашите права, на јасен и концизен начин можете да ги внесете податоците за вашиот идентитет и адреса, додавајќи ги и документите кои го потврдуваат тоа; на писмено и со потпис, по пошта или по нотарски пат, сето тоа можете да го испратите на адресата „Eti Mah. GMK Bulvarı No: 132 Çankaya/Ankara“ или по електронски пат на е-маил до Анадолу Ажанси како одговорна за податоците.

 

9.3.  Пред Анадолу Ажанси да ви одговори, за потврда на идентитетот во вашето барањето треба да бидат наведени;

· Вашето име, презиме и потпишано барање,

· За турски државјани број на турска лична карта, а доколку сте странец, тогаш број на пасош или доколку имате број на лична карта,

· Адреса на ваш постојан престој или деловна адреса,

· Доколку имате, ваша е-маил адреса, телефонски број или факс за информирање,

· Предмет на ваше барање,

овие информации и документи потребно е да бидат поднесени заедно со вашата апликација.

9.4. Во случај да ги упатите вашите барања до Анадолу Ажанси на горенаведен начин, врз основа на природата на барањето, Анадолу Ажанси во најкраток рок, и најкасно во рок од 30 дена, бесплатно ќе го разгледа вашето барање. Во дадениот одговор, нема да се наплати до 10 страници. За секоја страница над 10 страници, ќе се наплати по една турска лира по страница. Во случај одговорот за барањето да се даде на ЦД (CD) или на флеш меморија, побараната цена од страна на Анадолу Ажанси нема да ги надмине трошоците на медиумот за снимање.