Yunus Kaymaz
07 Октомври 2020•Ажурирај: 07 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во финалето на американската Национална кошаркарска лига (НБА), Лос Анџелес Лејкерс го совлада Мајами Хит со резултат 102:96 и поведе со 3:1 во серијата од четири победи, известува Агенција Анадолија (АА).
Финалето на НБА се игра на спортскиот комплекс „ЕСПН Вајд ворлд“ во американскиот град Орландо. Првата четвртина од средбата заврши со предност на Лејкерси од 27:22, додека втората четвртина ја доби Хит со резултат 25:22, така што на полувреме се замина со предност на Лејкерси од 49:47. Третата четвртина со резултат 26:23 ја доби Лејкерс и во последниот дел од натпреварот влезе со предност од 5 поени, 75:70. Четвртата четвртина заврши со предност на Лејкерс од 1 поен, 27:26, така што на крајот од натпреварот Лејкерс извојува победа од 102:96, стигнувајќи до својата трета победа и водство од 3:1 против Мајами Хит во серијата од четири победи.
Олстар-ѕвездата од редовите на Лејкерс и овој пат прикажа извонреден перформанс остварувајќи дабл-дабл учинок од 28 поени, 12 скока и 8 асистенции, а Ентони Дејвис со постигнати 22 поени, 9 скока и 4 асистенции даде значаен придонес во победата на својот тим.
Џими Батлер беше најпрецизниот играч во редовите на Хит со дабл-дабл учинок од 22 поени, 10 скока, 9 асистенции, Тајлер Хиро постигна 21 поен, 7 скока, 3 асистенции, додека Данкан Робинсон на теренот оствари 17 поени, 3 асистенции, 1 скок.
Петтиот натпревар од финалната серија на НБА ќе се игра в сабота, 10 октомври, со почеток во 3:00 часот.