Hakan Çopur
31 Октомври 2016•Ажурирај: 01 Ноември 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во САД во тек е предвременото гласање за 58. претседателски избори, а заклучно со 7 ноември својата граѓанска должност може да ја исполнат околу 50 милиони луѓе, што ќе биде рекорд, јавува Anadolu Agency (AA).
За челната позиција во САД се борат Хилари Клинтон, во име на Демократите, додека Републиканците ги претставува Доналд Трамп.
Во САД, за разлика од многу други земји, гласачите во текот на предвременото гласање, наместо еден ден, имаат подолг временски период за извршување на граѓанската должност.
%2F20161031_2_19868008_15570406.jpg)
Американците на 37 американски сојузни држави гласаат предвреме
Секоја од 37-те сојузни американски држави сама ги одредува правилата и временскиот период на предвременото гласање.
На пример, во Аризона предвременото гласање трае од 12 октомври до 7 ноември, во Канзас од 24 октомври до 7 ноември, во Мериленд од 27 октомври до 3 ноември, а во Охајо од 12 октомври до 7 ноември. Во големите сојузни држави како Калифорнија, разлика во времетраењето на предвременото гласање има дури и меѓу градовите.
Се очекува дека бројот на раните гласачи на овогодинешните избори да го срушат рекордот. На изборите во 2012 година од 235 милиони регистрирани гласачи, својата граѓанска должност ја извршија 130 милиони, од кои 30 милиони тоа го сторија во текот на предвременото гласање.
Досега гласаа над 18 милиони луѓе, а процесот на предвремено гласање трае заклучно со 7 ноември.
Американците на бирачките места можат да изберат дали ќе гласаат со удирање печат на хартија или преку електронски пат.
Гласачите на 22 сојузни држави исто така имаат можност по пошта да го достават својот глас до избирачките места. На овој начин може да гласаат и постарите и болни лица.
Според првите претпоставки кои се појавија во американските медиуми, Клинтон води во Флорида, Колорадо и Невада, а Трамп во Охајо, Ајова и Северна Каролина. Меѓутоа, поради тоа што бројот на гласачи постојано се менува, а со самото тоа и статистиките, моментално не е можно да се утврди колкаво водство во одредена сојузна држава има Клинтон, односно Трамп.