Elena Trenchevska Chekovikj
16 Април 2026•Ажурирај: 16 Април 2026
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Северна Македонија, Тимчо Муцунски утрово, заедно со својот колега, белгискиот министер за надворешни работи Максим Прево, реализираа утринско трчање, пренесува Анадолу.
Муцунски преку социјалните мрежи соопшти дека со белгискиот колега Прево низ Скопје истрчале патека долга шест километри.
„Шест километри низ градот беа можност, во неформална и спортска атмосфера, да се сподели дел од енергијата на Скопје и да ѝ се приближат на белгиската делегација препознатливите обележја на главниот град“, истакна Муцунски во објавата.
Дел од трасата биле и кејот на Вардар, Музејот на македонската борба, плоштадот Македонија и улицата Македонија.
Белгискиот министер од вчера престојува во официјална посета на Северна Македонија.