Dzihat Aliju
30 Јуни 2026•Ажурирано: 30 Јуни 2026
Во Скопје на новинарите им беа претставени „Турските вкусови“, јавува Анадолу.
На настанот организиран во хотел од страна на Канцеларијата на советникот за култура и промоција при Амбасадата на Турција во Скопје присуствуваа новинари од Северна Македонија.
Новинарите на настанот имаа можност одблиску да се запознаат со богатата кулинарска култура на Турција и да ги вкусат традиционалните специјалитети.
- „Турската кујна е заедничко наследство меѓу Северна Македонија и Турција“ -
Советникот за култура и промоција при турската амбасада, Енес Оздемир, во своето обраќање потсети дека годинава Неделата на турската кујна се организира под темата „Наследство на една трпеза“.
„Турската кујна е заедничко наследство меѓу Северна Македонија и Турција. Имаме многу слични јадења и кујна. Нашата кулинарска култура е колективно наследство обликувано низ вековите преку заедничко производство и заеднички животни искуства.“, рече тој.