Bojana Stojanovic
07 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
БЕЛГРАД (AA) - Документот на Приштина „Работен механизам за Асоцијација на српските општини" покажува дека Приштина наместо основање на Заедницата на српските општини (ЗСО) сака да формира одбор за албанско туторство над српската заедница во Косово и тоа е спротивно со Бриселскиот договор, јавува Anadolu agency (AA).
„Претставниците на Прштина, наместо да формираат ЗСО, подготвуваат тела кои треба да претставуваат одбор за албанско туторство над српската заедница на Косово и тоа е во потполност спротивно со Бриселскиот договор", рече Ѓуриќ на конференцијата за новинарите во Белград.
Тој рече и дека по повод овој документ очекува соодветна реакција на меѓународната заедница.
„Јас во оваа прилика би сакал да им порачам дека таков филм нема да гледаат секако и Србите на формирањето на ЗСО ќе работат онака како што тоа е предвидено со Бриселскиот договор", порача Ѓуриќ.
Во Владата на Србија, Ѓуриќ го претстави документот „Работен механизам за АСО", кој, како што наведе, Приштина вчера и задвчера им го претставила на претставниците на САД и ЕУ, а со кој „намераваат во потполност да го обесмислат нивните претходни тврдења дека ќе формираат ЗСО".
„Приштина нема намера да формира ЗСО, лажат, тие изведуваат претстава кон меѓународата заедница и поправање на својата меѓународна слика", рече Ѓуриќ.
Тој наведе дека во текот на денот ќе отпатува за Косово, бидејќи му е желба и намера велигденските празници да ги помине со српскиот народ, додавајќи дека за тоа не му е потребна никаква дозвола, туку само најава.
Запрашан дали е реален планот на претставниците на Српската листа, ЗСО да биде формиран до 20 април, тој одговори дека според него тоа не е претерано реално.