Vedat Yücebaş
28 Ноември 2016•Ажурирај: 29 Ноември 2016
БУРСА (АА) - Претседателот на здружението за контакт и постојана соработка со балканските земји, Али Саит Адилоглу изјави: „Нашите главни очекувања се изборите во Македонија што ќе се одржат на 11 декември да завршат во интерес на државата и да се здружат сите етнички елементи во земјата“, јавува Anadolu Agency (AA).
Адилоглу во изјава за АА рече дека преку истражувањата на здружението утврдиле оти нема сериозни разлики меѓу граѓаните што живеат во балканските земји и дека поделбата што ја поттикнуваат политичарите не наоѓа одговор кај граѓаните.
Тој потсети дека од 1990 година, во Македонија по четврти пат се организираат предвремени парламентарни избори и дека последните парламентарни избори беа одржани во 2014 година. Адилоглу посака по 11 декември во земјата да се формира една долготрајна влада којашто ќе ја однесе земјата таму каде што заслужува.
Адилоглу истакна дека сѐ уште не завршиле со активностите за Македонија и за другите балкански земји:
„Македонија секогаш била важна земја за Турција. Особено бидејќи таму живеат Турци, Албанци, Бошњаци и груги етнички групи коишто ни се роднини. И со македонскиот народ имаме едно пријателство кое се темели на 600-годишното минато. Наши главни очекувања се изборите во Македонија што ќе се одржат на 11 декември да завршат во интерес на државата и да се здружат сите етнички елементи во земјата. Нормално, немаме намера да се мешаме во внатрешните работи на Македонија или да влијаеме на изборите. Единственото што го сакаме е да бидат заедно“.
Али Саит Адилоглу додаде дека во секој случај, по завршувањето на изборите тие ќе направат многу повеќе напори за сегашните односи со Македонија да се заjакнат уште повеќе.