Admir Fazlagic
01 Декември 2017•Ажурирај: 02 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски денеска информираше дека при синоќешната акцијата спроведена на подарчјето на Тетово откриена е нелегална лабораторија за производство на синтетичка дрога при што истакна дека се „откриени досега најголеми количини на синтетичка дрога на просторот на Балканот", пренесува Anadolu Agency (AA).
Министерот Спасовски рече дека од слобода се лишени шест лица, државјани на Република Македонија и Република Србија.
„Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција со заеднички истражен тим од Србија и во координирани активности со ДЕА (Служба за борба против дрога на САД) спроведе меѓународно криминалистичко истражување со цел сузбивање на организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со производство и продажба на дрога", изјави Спасовски.
По наредба на надлежното обвинителство од страна на припадници на нашиот Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал извршени се претреси на две локации во Тетово и пет локации во Скопје.
„Она што во оваа фаза на активностите можам јавно да го споделам е дека се откриени досега најголеми количини на синтетичка дрога на просторот на Балканот, а доколку првичните проценки излезат точни - веројатно ќе биде и една од поголемите заплени на синтетички дроги во меѓународни рамки", истакна Спасовски.
Тој наведе дека во лабараторијата, откриена на локација во Тетово според првичните сознанија откриени се над 125 килограми синтетичка дрога или по некои првични проценки станува збор за минимум 500.000 таблети синтетичка дрога чија што вредност ја надминува бројката од 2,5 милиони евра, но бидејќи активностите се уште се во тек како што наведе тој, се очекува бројките да бидат поголеми.
- Српскиот министер Стефановиќ: Ова е еден од најдобрите резултати во заплена на синтетичка дрога
Потретседателот на Владата на Република Србија и министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, по повод заедничката акција на македонската и српската полиција денеска изјави дека ова е „еден од најдобрите резултати во заплена на синтетичката дрога".
Стефановиќ објасни дека по акцијата, за којашто рече дека траела речиси година дена полицијата внимателно ги следела сите активности, транспортот на опремата кој се движел од Србија во Македонија, како и од Македонија во Србија, но и активностите при правење на лабораториите кои служеле за подготовка на синтетичката дрога.
Српскиот министер прецизираше дека оваа заплена на ситетичката дрога е многу важна и поради тоа што станува збор за Катагон, нова синтетичка дрога којашто е омилена кај борците на ДЕАШ.
Според неговите зборови, оваа акција веројатно ќе продолжи и на територијата на Турција, каде, како што рече, во соработка со полицијата на таа држава, дошле и до идентитетот на потенцијалните купувачи.