Bekim Laci
15 Февруари 2018•Ажурирај: 16 Февруари 2018
СКОПЈЕ (АА) - На меѓународната трилатерална конференција „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската Унија“, вицепремиерот на Република Македонија задолжен за европски прашања, Бујар Османи, истакна дека ниту една синергија, ниту таа од Европската комисија, чија цел е трансформација на општествата со цел достигнување на вредностите на ЕУ во областа на демократијата, нема да биде стабилна ако нема да има една синергија меѓу владата и невладините организации (НВО), јавува Anadolu Agency (AA).
Османи во изјава за медиумите, пред почетокот на конференцијата, нагласи дека целта на конференцијата е заедно со НВО да дебатираат за Стратегијата на Европската комисија, на тој начин процесот да биде инклузивен овозможувајќи им на заинтересираните групи да се вклучат во формирање на ставови на Македонија за Европа ил ЕУ.
Османи рече дека денешната конференција е само почеток на еден циклус дебати со НВО, за постигнување еден државен консензус за вклучување во Европската Унија (ЕУ).
Османи укажа на еден нов момент објавен во Стратегијата на Европската комисија, „Помирување меѓу народите“, што според него заслужува еден посебен третман.
„Под ова се подразбираат меѓуетничките односи, но се подразбира и законот за употреба на јазиците, за што е потребен еден поширок општествен консензус во оваа насока. Се споменува и здравството, што беше дел од нашите лобирања за да биде дел од целите на ИПА фондовите, за што во Стратегијата се наведува дека здравствениот систем треба да биде соодветен за да се земаат ИПА фондови, бидејќи ЕУ предвидува 500 милиони евра за регионот во наредните две години“, додаде Османи.
Андреа Стојковски од невладината организација „Евотинк“ (Eurothink), истакна дека со Стратегијата, ЕУ декларира дека проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан е во нејзината сфера на политички, економски и безбедносен интерес, што е најдобрата порака што можеа да испратат земјите аспиранти, бидејќи ако ЕУ е заинтересирана да ги прифати земјите, тогаш ќе врши притисок врз владите на тие земји за да ги исполнат бараните критериуми.
„Институционалниот капацитет ќе биде проблем за државата, реално, бидејќи години наназад, во сите извештаи на Европската комисија се споменуваше дека недостасува соодветен административен капацитет за справување не само со процесот на проширување или пристапување, туку и по пристапувањето. Меѓутоа, има една мерка што Комисијата ја има предвидено за самата себе, а тоа значи членство пред самото членство. Ќе бидат повикувани сите држави од Западен Балкан да учествуваат не само на министерски средби или средби на високо ниво, туку и во рамките на техничките групи и работните групи на онаа комитологија на ЕК, така што државните службеници ќе имаат можност за учење на функционирање на институциите пред да станат дел од европската бирократија“, рече тој.
Денешната конференција е иницирана од страна на мрежата на невладини организации „ИПА механизам“ составена од околу 300 невладини организации кои преку дијалог со владата сакаат да влијаат врз одлуките околу членството на Македонија во ЕУ.