Andelija Stojkovic
14 Декември 2018•Ажурирај: 15 Декември 2018
БЕЛГРАД (AA) - Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, денес изјави дека формирањето на Војската на Косово не придонесува за регионалната стабилност, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес за мене е тежок ден. Ова не е ден кој придонесува за стабилноста во регионот. Србија ќе се труди да продолжи по својот пат на мирот и стабилноста“, рече Брнабиќ на конференцијата за новинарите по потпишувањето на Меморандумот за соработка со Светскиот економски форум.
Таа додаде дека без стабилноста на регионот нема стабилна Србија и дека е подобро да се разговара за соработка, отколку да се подигнуваат бариери и да се размислува за спречување на соработката.
Брнабиќ рече дека сака да не се разговара за војска и оружје, туку за соработка.