Fatjon Cuka
30 Јули 2026•Ажурирано: 30 Јули 2026
Министерот за одбрана на Албанија, Ермал Нуфи, изјави дека Албанија ќе има свое претставништво во Газа, почнувајќи со четворица штабни офицери, во рамките на Меѓународните стабилизациски сили, јавува Анадолу.
Во изјава за медиумите по седницата на Советот на министри на Албанија, Нуфи истакна дека на денешната владина седница е одобрен предлог-законскиот акт, кој потоа ќе биде доставен до Собранието за одобрување на мисијата на Албанија во Газа.
Тој рече дека оваа одлука е во согласност и со мандатот на Советот за безбедност на Обединетите нации и на Меѓународните стабилизациски сили.
„Република Албанија ќе има свое претставништво во Газа, почнувајќи првично со четворица штабни офицери. Тоа го имаме соопштено и во други интервјуа и јавни настапи дека ова ќе биде ангажман на Република Албанија, а со испраќањето на овие четворица штабни офицери во Меѓународните стабилизациски сили дополнително ќе се процени и конкретното ниво на трупите што ќе бидат испратени во Газа, вклучително и конкретната локација каде што ќе бидат распоредени овие сили“, изјави Нуфи.