Fatjon Cuka
21 Септември 2022•Ажурирај: 22 Септември 2022
ДРАЧ (АА) - Апелациониот суд во Драч, Албанија, одобри продолжување на притворот на Фарук Фатих Озер, основачот на криптоберзата „Тодекс“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Озер (27), по кого беше распишана потерница под обвинение за измама и основање криминална организација, минатата година побегна од Туркије, поради што инвеститорите не можеа да дојдат до своите парични средства.
Во Апелациониот суд во Драч денеска се одржа парница за одлуката на Основниот суд во Елбасан да го продолжи притворот на Озер.
Адвокатите на Озер се спротивставија на одлуката на Основниот суд во Елбасан за да продолжи притворот на Озер донесен на 2 септември.
По сослушувањето, Апелацискиот суд одлучи притворот на Озер да продолжи.
Судијата Флорјан Калаја истакна дека оваа одлука може да биде доставена до Врховниот суд во рок од 45 дена.
Озер баран со црвена потерница, беше фатен во Албанија на 30 август.
Туркије претходно издаде меѓународен налог за апсење откако Озер избега од земјата со 2 милијарди долари што инвеститорите ги префрлија на неговата берза за криптовалути „Тодекс“ (Thodex).
На 2 септември, Основниот суд во Елбасан одлучи да го продолжи притворот на Озер.
На 14 септември оваа одлука беше обжалена од адвокатите на Озер.
Министерот за внатрешни работи на Туркије, Сулејман Сојлу, најави дека Озер ќе биде екстрадиран во Туркије по судскиот процес во Албанија.
За време на телефонскиот разговор меѓу министерот за правда на Туркије, Бекир Боздаг и министерот за правда на Албанија, Улси Мања, на 19 септември се разговараше за прашањето за екстрадиција на Озер.