Dzihat Aliju
27 Август 2026•Ажурирано: 27 Август 2026
Бројот на жртви од западнонилска треска во Северна Македонија се искачи на шест, соопшти директорот на ЈЗУ Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби, Фадил Цана, јавува Анадолу.
Цана во изјавата за медиумите информираше за состојбата со западнонилска треска во земјава.
„За жал, морам да известам дека вчера во попладневните часови почина уште еден пациент“, соопшти Цана, додавајќи дека станува збор за 72-годишен пациент од Скопје, кој имал сериозни придружни заболувања.
Цана рече дека пациентот бил хоспитализиран пред 15 дена со тешка клиничка слика.
Информирајќи за ситуацијата со вирусот, Цана изјави дека до денеска биле хоспитализирани 51 пациент, од кои 27 досега се излекувани.