Zylfije Adem Jakupi
16 Март 2020•Ажурирај: 16 Март 2020
ПРИШТИНА (AA) – Владата на Косово на барање на министерот за здравство поради коронавирусот одлучи да прогласи вонредна состојба во јавното здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според оваа одлука, институциите на Владата на Косово должни се да постапуваат во согласност со Националниот план за реагирање и акивирање на функцијата за поддршка во вонредни ситуации со делот кој се однесува на јавното здравство и медицинските услуги, соопштено е од Владата на Косово.
Министерството за здравство одговорно е за управување со прогласената вонредна ситуација во јавното здравство.
Барањето на министерот за здравство Арбен Витиа да се прогласи вонрредна ситуација во здравството, следуваше откако денес во Косово се потврдени 4 нови случаи на заразување со коронавирусот, со што вкупната бројка на заболени се искачи на 9.
Според мерките на Владата на Косово вчера се затворени копнените граници поради коронавирусот. Копнената граница можат да ја преминат само граѓаните на Косово, но сите кои влегуваат во Косово ќе бидат прегледани од лекарите со наредба да се самоизолираат на 14 дена.
Од 16 март привремено се прекинуваат сите авиолетови од приштинскиот аеродром, освен воените и ургентните медицински. Затворени се сите ресторани, кафулиња и трговски центри, освен аптеки и прехрамбени продавници.
Прекинати се сите културни, спортски и младински активности во Косово.
Владата на Косово во средата одлучи да се прекине наставата во јавните и приватните образовни институции на сите нивоа до 27 март 2020 година.