Fatjon Cuka
06 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
ТИРАНА (АА) - За време на полициската операција во Албанија, кодирана како „Дизел“, полицијата на Корча уапси осум лица под сомневање за шверц со нафта од Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Во официјалното соопштение на полицијата од Корча се вели дека шверцуваната нафта се продавала нелегално во Поградец.
Полицијата ги приведе лицата В.Б, Р.Е, Е.М, А.С, М.Ќ, Е.E, К.Х и М.У.
„Нивното приведување уследи по неколкумесечна истрага, која покажа дека овие лица ги модифицирале нафтените резервоари во своите возила, додавајќи уште еден резервоар, за да складираат поголема количина нафта во Македонија, која потоа ја продавале илегално на албанскиот пазар. Од спроведените истраги овозможено е во различни фази од истрагата да се покаже и местото на складирање на шверцуваната нафта“, се вели во соопштението.