Fatjon Cuka, Furkan Abdula
23 Септември 2021•Ажурирај: 24 Септември 2021
ТИРАНА (АА) - Албански државјанин е приведен под обвинение дека му помагал на Фарук Фатих Озер, основач и директор на берзата за криптовалути „Тодекс“, кого албанската полиција го бараше со црвена потерница пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералниот директорат на албанската полиција се наведува дека во рамките на полициската акција наречена „Трага“, приведен е Е. Х. (36) од Тирана, под обвинение за „поддршка на криминалец“ и „компјутерска измама“.
Во соопштението стои дека по истрагата што ја започнаа турските полициски власти во 2021 година, Истражната единица за сајберкриминал на Албанија и Обвинителството на Основниот суд во Тирана започнаа истраги за некои граѓани под обвинение за „подготовка на планови за измама на голем број странски државјани со создавање и продажба на виртуелна валута“.
Исто така, се наведува дека напорите за расветлување на инцидентот и изведување пред лицето на правдата на другите лица вклучени во овој криминал продолжуваат.
„Според добиените информации, вредноста на измамата извршена од турскиот државјанин Ф. О. (Фарук Фатих Озер), кој е главниот извршител на криминалните дејства, е приближно 2 милијарди долари. Во рамките на истрагата, утврдено е дека постојат силни и разумни сомнежи дека Е. Х. го криел и му помагал на Ф. О. (Фарук Фатих Озер) да не биде фатен од полициските власти“, пишува во изјавата.